Живот и Стил

Пет причини зошто треба да јадете мандарина

Пет причини зошто треба да јадете мандарина

1. Помагаат при настинки и грип

Мандарината како и другите цитрусни овошја е одличен извор на витамин Це кој е важен за имунитетот и борбата против сезонските болести. Ги ублажува симптомите и го забрзува оздравувањето. Во стотина грама од ова овошје има 30 милиграми од овој нутрициент, што задоволува третина од дневните потреби.

2. Го топат вишокот килограми

Заради малиот удел на масти и сол мандарината се смета за нискокалорична и се препорачува да ја има на мените при диети, односно кај оние кои сакаат да ослабат. Го забрзува метаболизмот и помага за топење на масните перничиња во пределот на стомакот. Цитрусите имаат и низок гликемиски индекс кој помага во рамнотежата на нивото на шеќери во крвта, па се препорачува и кај дијабетичари.

3. Го забрзува варењето

При конзумирање мандарина не треба да се заборави на белата влакнеста коричка која го обвиткува плодот од внатрешната страна. Јадете ја, особено ако внесувате многу јагленохидрати и масти. Тој дел е полн со диетални влакна и ќе го забрза варењето на храната .

4. Го чува срцето и кардиоваскуларниот систем

Мандарината е добар изор на калиум кој го снижува крвниот притисок, говраќа ритамот на срцето и го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Хранливите материи во мандарините го спречуваат наталожувањето на лошиот холестерол на артериите, што може да доведе до срцев удар.

5. Природен антисептик

Во зачувување на здравјето ќе ви помогне и есенцијалното масло од мандарини, кое се смета за природен антисептик затоа што го штити организмот од некои бактерии. Придонесува за ублажување на болни грчеви во дишниот систем, а и го опушта нервниот систем, па се препорачува да се користи за тешки ситуации или ако сте под стрес.

Внимание!

Мандарината како и другите цитрусни овојша содржи доста оксалати па затоа не се препорачува кај лица склони на формирање камчиња во бубрезите или жолчката.