Живот и Стил

Пет препораки за зима без настинки

Пет препораки за зима без настинки

Има многу начини како да го подобрите имунитетот, но дали сите се ефикасни? Издвоивме пет начини кои ги препорачуваат и лекарите.

Користете лук

Лукот е познат како средство за спречување настинки и грип. Тој е природен антибиотик кој има антивирусно, антибактерискo и противвоспалително дејство. Го подобрува имунитeтот, а неговата активна состојка алицин се ослободува по 10 минути од сечкањето.

Имунитетот е поврзан со дигестивниот систем. Потребно е да го одржите нивото на добри бактерии во цревата, внесувајте пробиотици и јадете кисела зелка.

Пијте чај од ѓумбир

Освен лимон и мед, одличен сојузник во борбата против настинка, вируси и грип е и ѓумбирот. Не само што одлично оди во комбинација со наведените состојки, туку и ја лекува кашлицата побрзо од сите останати природни лекови.

Пијте витамин Д

Познато е дека телото произведува витамин Д под влијание на сончевата светлост. Во студените денови имаме недостаток на витамин Д, па затоа треба да внимаваме на тоа. Витаминот Д се наоѓа во риба, јајца и некои житарки, но не може да добиете голема количина од храната, па затоа најдобро е да користите суплементи по претходна консултација со лекар.

Тренинг

Во зима сме помалку активни, немаме мотивација за вежбање и постојано сме дома. Можеби ќе ве мотивира сознанието дека спортот му помага на имунитетот. Ако ги почувствувате првите симптоми на настинка, облечете тренерки и патики и заминете на тренинг.