Живот и Стил

Пегите – проблем или шарм?

Пегите – проблем или шарм?

Пегите и дамките по кожата се резултат на неправилното распределување на пигментот на кожата. Тие се природна заштитна реакција на организмот од ултравиолетовите зраци и се појавуваат по лицето, вратот, рамената и рацете уште во раното детство. Поизразени се од 20-25 година, а најчесто исчезнуваат околу 40-50 година. Како предпазна мерка се препорачува користењето на кремови за заштита од UV-зраците.

Понекогаш пегите на лицето се привлечни и шармантни, затоа некои ги сметаат за дел од нивниот имиџ. За други пак, тие се голем проблем и посакуваат да исчезнат или барем да се помалку изразени. Ако и вие го имате овој проблем и сакате пегите да се поизбледени, ви предлагаме неколку маски и лосиони, кои можете да ги практикувате во домашни услови.

20 мали гранчиња магдонос, 500ml вода
Гранчињата магдонос се поливаат со врела вода. По еден час течноста се цеди и со натопен памучен тампон се премачкуваат проблематичните места. Ако ви е поудобно, лосионот можете да го замрзнете во вид на коцки и потоа секојдневно да го триете лицето со нив.

100g кромид, сок од 2 лимони, 50ml оцет
Исцедете колку што можете повеќе сок од ситно исечканиот кромид. Потоа во него додајте ги сокот од лимоните и оцетот. Со така добиениот лосион, премачкувајте ги пегите неколку пати во денот.

1 краставица
На лицето се става свежа, изрендана краставица. Откако ќе поминат 15 минути, се отстранува со млака вода. Поголем ефект има ако користите само сок од краставица.

1 црвен кромид
Откако ќе го исчистите и измиете, кромидот расечете го на половина. Со парчињата поминувајте по лицето неколку пати во денот. Овој третман треба да го практикувате често. Добро е да знаете дека не треба да се користи на сува и чувствителна кожа.

10ml пиво, 50ml вода
Пивото и водата се мешаат. На чисто и добро исушено лице, се нанесува лосионот секоја вечер. Наутро лицето се мие со млака вода.