Живот и Стил

Пауел ќе ве остави без зборови: Најубавото вештачко езеро на светот кое се наоѓа среде пустински пејзаж

Пауел ќе ве остави без зборови: Најубавото вештачко езеро на светот кое се наоѓа среде пустински пејзаж

Езерото Пауел е вештачко езеро кое што се наоѓа на реката Колорадо, помеѓу американските сојузни држави Јута и Аризона.

Тоа со години претставува вистинска туристичка атракција, а го посетуваат околу 2 милиони луѓе годишно.

Иако денеска ова езеро изгледа прекрасно, многумина биле против тоа да се изгради.

Контроверзии

Дури и пред да почне неговата изградба, во текот на раѓањето на таа идеја, почнале протестите на оние кои што сметале дека неговата изградба ќе биде еколошка и природна катастрофа. Најострите меѓу таквите се собрале околу Едвард Еби, авторот на книгата „Саботерска банда“, формирајќи моќна група од еколози кои што се залагаат за заштита на животната средина. Оваа група почнала да прави саботажа, обидувајќи се да ги уништи машините стационирани на самото градилиште. Меѓутоа, не успеале да го постигнат тоа.

Проект
Огромната водена површина среде пустинскиот пејзаж покажува колку проектот бил сериозен. Конкретно со работата започнале во 1956 година, а браната била завршен во 1963 година, а езерото конечно било наполнето со вода во текот на 1980 година. Така настанала водната површина која што е долга 299 километри и широка 40 километри, со најголема длабочина од 1.100 метри и крајбрежна линија долга 3.156 километри.

Значење
Сепак, факт е дека формирањето на оваа огромна водна површина во пустина значајно го зголемила и бројот на птиците, цицачите и водоземците кои што живеат во таа област. Покрај единствената историја за настанувањето на природното опкружување кое што го краси езерото Пауел, вниманието на туристите го привлекува и интересниот висечки мост на браната Глен, но и фактот што мостот е едно од најголемите инженерски достигнувања во светот.

извор: точка.мк