Живот и Стил

Парализирана девојка не дозволи хендикепот да ја спречи да зачекори кон саканиот на свадбата

Парализирана девојка не дозволи хендикепот да ја спречи да зачекори кон саканиот на свадбата

Невеста која пред неколку години останала парализирана од половината надолу, не дозволи хендикепот да ја спречи да зачекори кон својот сакан до олтарот на свадбата.

Ели Пул напорно тренирала пред големиот ден и со помош на својот физиотерапевт успеа да си го оствари сонот да оди до олтарот.

Фотографиите од инспиративниот момент станаа хит на интернет и на многумина им послужија како мотивдека никогаш не треба да се откажуваат од она што го сакаат.

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

 

Ели Пул

Ели Пул

За големиот ден, 22-годишната девојка напиша:

Нервите ме обзедоа. Анксиозноста беше на максимум. Срцето силно ми чукаше. Ми беше потребна целата концентрација која ја поседувам, но тоа беше мој сон да можам да чекорам до мојот сопруг на олтарот. Тоа беше ризичен сон. Беше страшно. Всушност беше ужасно. Постоеја големи шанси да не успеам, но тоа беше момент кога требаше да бидам храбра дури и кога стравот се обидуваше да ме надвладее.

Му докажав на мојот хирург дека згреши и чекорев до мојот сопруг до олтарот во моите протези за нозе со помош на мојот физиотерапевт, кој ме тренираше во изминатите 3 години. Тоа беше уште една тешка задача која морав да ја научам, но мислам дека секоја девојка уште од дете сонува да зачекори до олтарот кај својот сопруг. Не сакав таа слика да биде поразлична само поради мојата несреќа. Затоа, го следев мојот сон.

Ја совладав мојата цел и се надевам дека ѝ докажав на секоја девојка таму некаде дека и таа може да го има тој специјален момент на нејзиниот голем ден ако работи напорно и никогаш не се откаже од своите соништа. Живеам во обид да ги инспирирам другите со мојата приказна, бидејќи чувствувам дека тоа е мојата мисија. Чувствувам дека Бог ми ја даде мојата сторија со причина и дека треба да ја искористам за нешто добро.

Пред речиси 4 години не можев ни да замислам дека ќе бидам онаму каде што сум денес. Подемите, падовите, искушенијата, пречките, издигнувањата – во сите нив има некаква убавина. Тие ме направија она што сум денес. Тие постојано ме тераа да копам внатре во мене и да откријам од што сум изградена, а кога ќе откриеш која си, ќе знаеш зошто Бог ти ја дал таа конкретна битка.

Сметам дека тоа е целта на патувањето – да откриеш која си и од што си направена. Да откриеш зошто. Да ја шириш Божјата љубов. Да бидеш светлина во темнината. Да се потпреш на Него. Да споделиш како Тој направи убавина од пепелта.

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул ја изгубила способноста да оди пред речиси 4 години, откако излетала од патот во обид да избегне камиот со украдено жито кој возел во нејзината лента. 19-годишната девојка била исфрлена 15 метри од автомобилот и паднала директно на грбот при што го скршила `рбетот на повеќе места.

Ели итно била качена на хеликоптер за колку што е можно побрзо да стигне на операција во болница, но за време на патувањето, таа престанала да дише.

„Последен пат вдишав кога брзата помош ме качи во хеликоптерот. Медицинските лица ми правеа компресии на градите цел пат за мојата крв да циркулира. Кога стигнавме во Атланта, немав ниту пулс, ниту крвен притисок. Веднаш бев одведена на операција за да ме отворат и да ме вратат во живот. Слезината ми беше повредена и поради тоа, сите органи крвареа внатрешно. Успеаја да ја отстранат и да го запрат крвањето. Никој не знаеше дали ќе ја преживеам ноќта, но поради Божјата милост, преживеав“ – пишува Ели во свој текст.

Следниот ден, следувала 8-часовна операција на `рбетот, по која хирургот ѝ соопштиле дека е парализирана од половината надолу и дека никогаш повторно нема да оди.

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели поминала 3 недели на оддел за интензивна нега и уште 7 месеци во центар за рехабилитација за да научи да ги извршува секојдневните обврски од инвалидска количка.

„Поминав вкупно седум и пол месеци во центарот закрепнувајќи и учејќи како да живеам повторно од инвалидска количка и со користење само на горниот дел од моето тело. Тоа апсолутно беше најтешкото нешто низ кое сум поминала во животот, но поради нив, јас сум комплетно самостојна личност денес.“

„Јас правам сè што прават луѓето кои можат да одат само на поинаков начин“ – пишува таа.

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Сега, Ели е мотивациски говорник и инспиративна ѕвезда на Instagram која им пренесува порака на сите кои се во слична ситуација дека не треба да се откажуваат од своите соништа. Таа им држи предавања на студентите во центрите за рехабилитација како да ги научат своите идни пациенти да ги живеат животот во инвалидска количка и како самостојно да се облекуваат.

„Само затоа што патувањето и влегувањето во нешто непознато може да изгледаат страшно, не значи дека не треба да ги избегнуваш. НУРНИ ВО НИВ. ПОБЕДИ ГИ ТВОИТЕ СТРАВОВИ. Направи го она што другите мислат дека не можеш да го направиш.“

„Мојата желба за сите со кои ќе дојдам во контакт и за сите што ќе бидат дел од мојата приказна е: ‘Не престанувај да го живееш твојот живот до максимум, без разлика низ што минуваш. Секогаш следи го твоето срце и твоите соништа и никогаш не се откажувај!’“ – порачува Ели.

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул

Ели Пул