Живот и Стил

Овошки кои се одлични за подобрување на имунитетот во лето

Овошки кои се одлични за подобрување на имунитетот во лето

Зајакнување на имунитетот е клучно во време кога владее епидемија во светот. Здравјето во голема мера зависи од храната што ја внесуваме во организмот.

Имунолошкиот систем го штити човечкото тело. Со оглед на тоа дека е летно време и има изобилство од овошје и зеленчук, направивме список со овошки кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот.

Лубеница

Во летните жештини ниту една намирница не ја гаси жедта подобро од лубеница. Лубеницата е богата со витамини А и Ц, калиум и магнезиум. Во лубеницата има најголем дел од аминокиселината цитрулин, која ги опушта и ги штити крвните садови, па е важна за еректилната функција – 210 мг во 100 лубеница. 20% од дневните потреби за витамин Ц се задоволени со 180 гр лубеница.

Калинка

Калинката се смета за суперовошје. Добра е за работата на срцето и на целото тело. Го намалува крвниот притисок и го зголемува нивото на енергија во телото.

Лимон

Лимонот е богат со антиоксиданти. Тој содржи витамин Ц, фолат, калциум, калиум и е богат со растителни влакна.

Освен овошјето треба да внесувате и доволно вода, да спиете најмалку 8 часа и да бидете физички активни.

Јаболко

Со консумирање на јаболка ќе се ослободите од токсините во телото, од тешките минерали и од холестеролот. Јаболкате се достапни во текот на целата година. Во едно јаболко има дури 40 мг витамин Ц, потоа витамини А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета-каротин. Јаболката содржат и калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Манго

Мангото е добар извор на витамин А. Содржи голема количина на бета-каротин кој е моќен антиоксидант кој го штити организмот од воспаленија. Освен тоа има многу малку калории.

Портокал

Портокалот е полн со витамин Ц. Оваа хранлива состојка го зголемува бројот на бели крвни зрнца и го зајакнува вашиот имунолошки систем.

извор: Курир.мк