Живот и Стил

Овие четири хороскопски знаци се најголемите демначи на социјалните мрежи

Овие четири хороскопски знаци се најголемите демначи на социјалните мрежи

БИК
Биковите го даваат срцето на дланка и го опсипуваат партнерот со љубов. Од друга страна исто така се сметаат за едни од највнимателните знаци во Зодијакот. Кога ќе се заљубат, сериозно го сфаќаат односот и сонуваат дека конечно ќе се смират. Поради тоа, кога односот нема да биде онаков каков што го замислиле и сакале да биде, тие стануваат многу тврдоглави и не сакаат да се помират со разделбата. Меѓутоа, кога ќе дојде до тоа, тие се претвораат во тврдоглави манијаци кои ја следат некогашната љубов на социјалните мрежи за да го дознаат одговорот на прашањето: зошто ме остави?! Бикот тоа не може да го сфати.

РАК
Ракот е еден од најчувствителните знаци во Зодијакот. Лесно е да го повредите, па поради тоа се отвора на другите особено ако некој му го скршил срцето. Ако се случи тоа, Ракот долго време ги лечи раните. Дефинитивно не му помага следењето на секој чекор што ќе го направи поранешниот партнер на социјалните мрежи. Но, зошто тоа го прави Ракот? Одговорот е едноставен – и понатаму се надеваат дека приказната ќе има среќен крај.

ДЕВИЦА
Девицата е очигледно многу задоволна и сѐ прифаќа мирно. Меѓутоа, ова е само привид. Личностите од овој знак патат во себе иако не даваат до знаење. Наспроти тоа, ја бараат вината во себе мислејќи дека не се доволно добри за да ја задржат саканата личност. Исто така, многу често ги гледаа профилите на поранешните на социјалните мрежи. Надевајќи се дека таму ќе најдат некои траги, благодарение на кои сѐ ќе спакуваат во една кохерентна целина.

ШКОРПИЈА
Шкорпијата има репутација на хороскопски знак кој е многу страствен, но ги држи другите на дистанца. Меѓутоа, вистината е сосема поинаква – луѓето родени во овој знак се многу емотивни и лесно е да ги повредите. Кога односот на Шкорпијата нагло ќе заврши, тие многу патат. Тие го лечат не само своето срце, туку и навредената гордост. Кога станува збор за овој знак нивната болка честопати се менува во љубомора, па дури и опсесија. Може да ги проверува профилите на своите поранешни партнери и по неколку пати ви денот.

извор:среќа.мк