Живот и Стил

Овие билки штитат од негативна енергија и злобни намери

Овие билки штитат од негативна енергија и злобни намери
shutterstock

Собите во кои престојуваме, а особено оние во кои сме многу често можат да влијаат на нашето расположение. Како ќе се чувствуваме зависи од тоа како е уреден просторот околу нас.

Според популарното верување, овие растенија имаат моќ да го заштитат нашиот дом од негативна енергија.

Ако немате, време е да набавите барем едно од овие растенија:

Лаванда

Го подобрува квалитетот на спиењето, па затоа се користи за лекување на несоница, депресија и нервоза. Попрскајте ја перницата со мирис на лаванда за да обезбедите мирен сон.

Рузмарин

Ако започнете нов бизнис или сте запознале нова љубов, време е за малку рузмарин затоа што тоа го олеснува започнувањето. Освен што привлекува љубов и страст, поттикнува на помнење и добро расположение. Распоредете неколку гранчиња околу куќата или едноставно одгледувајте ги како домашно растение.

Бамбус

Симболизира среќа и просперитет. Ставете гранки од бамбус во темни агли на просторијата за да ја истерате негативната енергија.

Босилек

Босилекот е познат како растение кое ги брка лошите духови, доволно е да запалите малку босилек во вашиот дом и оставете го да работи.

Алое вера

Ова растение се смета за најсилно во присилувањето на лоши вибрации. Привлекува просперитет и позитивна енергија каде и да е во вашиот дом.

извор:попара.мк