Живот и Стил

Овие 10 предмети никако не смеете да ги делите со пријателите!

Овие 10 предмети никако не смеете да ги делите со пријателите!

Делењето на хигиенските потребни со пријателите, членови на семејството и партнерите понекогаш е неизбежно.

Колку пати сте го позајмиле бричот од партнерот или ножиците за нокти од вашата сестра?! Иако Вам ви се чини дек тоа не е сериозна работа, сепак вакви работи можат многу сериозно да влијаат на вашето здравје. Голем број на научници со одредени тестирања открија кои работи во никој случај не смеете да ги делите со никого.

1. Сапун

По секоја употреба, на сапунот остануваат микроби од вашата кожа, дури и кога станува збор за антибактериски. Сапунот никогаш не го чувајте во влажен подметнувач затоа што тоа е рај за развој на бактерии, габи и вируси. Преку сапунот можете да пренесете голем број на заболувања: од желудечен вирус до инфекција стафилокок која може да предизвика сериозна болест. Единствено смеете да го користите заедно со сексуалниот партнер.

2. Пешкири

Ако вашиот пешкир непријатно мириса , потребно му е вриење на 95 степени затоа што е преполн со бактерии и габи. Влажните пешкири се вистинки расадник за болести па затоа чувајте ги секогаш добро исушени. Се препорачува перење после четвртото бришење.

3. Жилет

Кога се бричите, жилетот ги отстранува мртвите клетки на кожата, заедно со бактериите, а што повеќе личности го користат се поголем е ризикот од инфекција. Бричењето со себе си носи мали исекотини па на бактериите им е премногу лесно да влезат во вашиот крвоток и немојте да заборавите дека преку крвта се пренесуваат тешки вируси како хепатитисот и ХИВ.

4. Ноктарица, ножици за нокти и пинцета

Ноктите, посебно оние на нозете , во себе кријат разни габични и бактериски болести, затоа не е паметно делење на предмети кои веќе се користени. Исто така и пинцетата, посебно кога се вадат вродените влакна. По секое користење избришете ги со алкохолна марамица, но секако најдобро е да си имате свој прибор за средување нокти и влакна.

5. Било што на позајмување…(крема за лице, пудра…)

Секој пат кога некој ќе стави прст во тубичката, бактериите ја загадуваат целата содржина на пакетот, па се пренесуваат на лицето на личноста кое ја користи кремата.

6. Дезодоранс

Кога нанесувате на вашите пазуви стик деодоранс, на него се прилеепаат мал милион бактерии кои се потенцијална причина за инфекција. Ако сте принудени да користите туѓ стик, тогаш прво дезинфицирајте го со алкохол.

7. Балсам за усни

Усните имаат богата мрежа на крвни садови под површината на кожата, која е премногу тенка, па затоа микробите од балсамот можат многу лесно да влезат во вашиот крвоток.

8. Четка за заби

Дури и кога ќе ја исплакнете вашата четка за заби по употребата, на неа остануваат бактерии кои во текот на ноќта се размноуваат. Вашите бактерии нема да ви попречат, но туѓите можат да ви пренесат бактерии кои ќе ви предизвикаат настинка, па дури можно е и стрептокока.

9. Апостолки и папучи за туширање

Доколку веќе сакате да се заштитите од габи и несакани бактерии со тоа што ќе облечете папучи, која е смислата да облечете туѓи носени папучи!? Размислете…