Живот и Стил

Ова растение речиси сите го имаме дома, а отровно е и опасно за домашните миленичиња

Ова растение речиси сите го имаме дома, а отровно е и опасно за домашните миленичиња

Многу од луѓето во своите домови имаат и одгледуваат растенија, но не знаат дека со тоа ги доведуваат до опасност своите домашни миленици, мачките и кучињата.

Имено, постои едно растение кое што е особено отровно за мачките, а во последно време стана многу популарно на социјалната мрежа Инстаграм и сè почесто е присутно во домовите на луѓето.

Станува збор за растението Monstera deliciosa, по потекло од Централна Америка. Неговите лисја содржат отровни супстанции кои што можат да го загрозат животот на вашите мачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bayu.maulana.chevalier (@bayu.chevalier) on

„Иако многу од вашите мачки и кучиња ќе го одбијат горкиот вкус на ова растение, консумирањето на големи количини може да доведе до низа проблеми, од стомачни до пореметување на дишењето, престанување на работата на бубрезите како и смрт“ – објаснила ветеринарката Летиција Фидалго Бурон.

Таа исто така нагласила дека многу од сопствениците на мачките не се ниту свесни за тоа и дека мислат дека ова растение, воглавно служи како украс, целосно безопасно.

Меѓутоа, тоа е далеку од вистината и сопствениците на домашни миленичиња треба секогаш да внимаваат какви растенија купуваат за дома.

извор:кариин/точка.ком.мк