Живот и Стил

Ова е златна крвна група: Ја имаат само 43 луѓе во светот!

Ова е златна крвна група: Ја имаат само 43 луѓе во светот!

Се смета за многу подобар дарувач од крвната група нулта

Постојат четири основни крвни групи – А, Б, АБ и 0, а нивната зачестеност најмногу зависи од генетиката, поврзана меѓу другото, и со групата народите на која и’ припаѓаме.

Повеќето луѓе се Rh позитивни, а се проценува дека само 15% од популацијата се Rh негативни.

Сепак, постојат буквално милиони варијации на крвните групи, а најретката меѓу нив е онаа што ја делат само 40-тина луѓе во светот. Тој тип е толку редок што во светот постојат само 43 луѓе со таа крвна група, а до 1961 година, кога била првпат дијагностицирана кај една Абориџинка, докторите мислеле дека ембрионите со тој тип ќе умрат во матката.

Оваа најретка крвна група не содржи ниту еден антиген од Резус системот, а своето име „златна“ го добила бидејќи е многу ретка. Станува збор за Rh-null, односно Rh-ништо.

Она што ја прави крвта посебна е фактот што е значително подобра како универзален донатор дури и од крвната група 0, и е компатибилна со сите други ретки крвни групи, но, за жал, во светот постојат вкупно девет живи донатори.

Научниците ја нарекуваат „златна крв“, а оние што ја имаат, од една страна се благословени бидејќи можат секому да му го спасат животот, но ако тие се во опасност, ним може да им помогнат само девет луѓе на светот.

извор: убавина и здравје