Живот и Стил

Останете свежи во текот на целиот ден, без да конзумирате кофеин

Останете свежи во текот на целиот ден, без да конзумирате кофеин

Следете ги овие 6 правила континуирано и ќе видите дека можете да останете свежи целиот ден без кофеин!

Одете на прошетка

Истражувањата покажале дека само со 20 минутна прошетка, може да го зголемите нивото на енергија и да го намалите заморот. Поедноставни и помалку напорни вежби го намалуваат заморот, што значи дека не треба брзо да пешачите или да претерувате со интензитетот на вежбање, за да постигнете резултати. Дополнително корисно кај прошетките е тоа што оние кои ги практикуват, спијат подобро. Облечете удобни патики и излезете на прошетка. Со 20 минути пешачење, ќе го зголемите нивото на енергија.

Резултат со слика за прошетка

Вклучете ги ушите

Експертите сметаат дека слушањето музика за време на работното време, придонесува да се одржувате будни и свежи. Музиката исто така го зголемува нивото на концетрација. Ставете слушалки на ушите и проверете која музика Вам најдобро ви одговара. На некој луѓе им одговара музиката на Бах, додека на останатите можеби Lady Gaga. Ова зависи од секој поединечно и од работата која во моментот ја работите.

Резултат со слика за listening music

Одморете ги Вашите очи

Доколку постојано сте пред компјутер, Вашиот работен ден често може да заврши со главоболки, уморни очи кои Ве чешаат и општа исцрпеност. Вашите очи ќе бидат среќни доколку одвреме на време им дадете кратка пауза. На секои 20 минути, погледнувајте надвор по отприлика 20 до 30 секунди. Погледот кон природата помага да ги релаксирате мускулите на очите и го спречува заморот на очите. Одличен одмор за Вашите очи е да отидете до прозорецот и да погледнете кон нешто многу оддалечено.

Резултат со слика за одмор за очите

Протегнување

Целодневното седење може да предизвика болки во вратот, вкочанетост во грбот и чувство на изнемоштеност. Протегнувањето помага да се заштитите од ваквите појави. Секој може да ги почувствува позитивните ефекти од протегнувањето. Едноставно протегнете го секој дел од Вашето тело. Подигнување на рамениците нагоре и надолу, претставува одлична вежба за вкочанети раменици: подигајте ги рамениците кон ушите во седечка или стоечка позиција. Подигајте колку што можете повеќе и задржете во таа позиција неколку секунди. Потоа вратете ги во нормална позиција и одморете ги. Повторете ја оваа вежба осум пати.

Резултат со слика за Протегнување

Конзумирајте мали, здрави оброци

Големите оброци, исто така предизвикуваат замор и поспаност. За да го одржите високото ниво на енергија во текот на денот, обидете се да јадете помали, здрави оброци. Наместо да купувате сендвичи или пак слични висококалорични јадења, подобро понесете нешто од дома – ореви, овошје или зеленчук. Имајте повеќе помали оброци наместо еден голем.

Поврзана слика

Доколку ништо од ова не помага, обидете се со ладна вода

Нема ништо подобро за освестување од млаз со ладна вода на лицето. Кому му е потребно кафе кога имаме вода? Не заборавајте да пиете многу течности. Доколку Вашето тело е доволно обезбедено со течности, тоа помага во зголемувањето на нивото на кислород во крвта, нивото на енергија и ги одржува Вашите мисли свежи.

Резултат со слика за miewe ;lice