Живот и Стил

Неколку совети за рамен стомак

Неколку совети за рамен стомак

Вечер е, а Вие нетрпеливо ги облекувате омилените фармерки. Но, постои само еден мал проблем – вашиот стомак е толку подуен што тешко ги закопчувате фармерките. Дали ви звучи познато?

Еве неколку совети кои ќе ја спречат подуеноста и ќе ве ослободат од тежината во стомакот:

  1. Конзумирајте храна која е богата со калиум 

Овој минерал ќе ги регулира течностите во вашето тело. Храна богата со калиум е: банана, диња, манго, спанаќ, домати, ореви и аспарагус.

  1. Без јаглени хидрати во вечерните часови 

Скробот доведува до подуеност. Избегнувајте јадење леб и тестенини во вечерните часови, бидејќи тие можат да  направат вашето тело да ја задржува водата.

  1. Без газирани пијалоци

Меурчињата во газираните пијалаци ќе предизвикаат отекување на стомакот. Најдобро е да пиете вода или домашни сокови.

  1. Без вештачки засладувачи

Организмот на некои луѓе тешко ги вари вештачките засладувачи како што е сорбитолот кој е содржан во многу слатки задоволства и гуми за џвакање. Сорбитолот може да предизвика гасови, па дури и дијареа.

  1. Оние денови од месецот 

Ако вашиот стомак се дува пред и за време на циклус, зголемете го внесот на калциум – 1.200 mg дневно и магнезиум – 200-400 mg на ден. Двете хранливи материи се покажале дека ги ублажуваат симптомите на ПМС.

  1. Не избегнувајте магдонос 

Додадете свеж магдонос во вашето јадење и уживајте во рамниот стомак