Живот и Стил

Не знаете каква фризура ви одговара – овие совети ќе ви ја решат дилемата

Не знаете каква фризура ви одговара – овие совети ќе ви ја решат дилемата

Идеалната фризура не е задолжително да биде во чекор со последните тенденции во модата. Таа треба да биде сообразена со квалитетот на косата, формата и карактеристичните црти на лицето. Фризурата е важен дел од имиџот. Но, не секоја фризура остава добар впечаток. Само убавата, средена фризура која одговара на формата на лицето привлекува погледи.

ФРИЗУРА СПОРЕД ФОРМАТА НА ЛИЦЕТО

Жена со кратка коса
На лице со овална форма, одговара секаква фризура.

Овално лице. Ако имате овално лице, гордејте се со него. Оваа форма е балансирана и поради тоа секоја фризура (долга, кратка) одговара на неа. Важно е косата да има обем во областа на брадичката и ушите. Избегнувајте да ѝ придавате обем на косата на горниот дел од главата. Тоа непотребно ќе му даде издолжен изглед на вашето лице.

Коцкесто лице. Ако имате лице во форма на коцка, треба да си изберете фризура која што ќе го заобли вашето лице. Најдобро е да имате долга коса, но избегнувајте ја долгата права коса, затоа што ќе ја потцрта коцкестата форма на лицето. Кај овој тип лице, треба да го тргнете вниманието од пределот на устата. На жените со овој тип на лице најдобро им стои долга коса со големи локни. Патецот на косата носете го настрана.

Округло лице. Ако вашето лице е округло, ваша цел треба да биде да го издолжите. Трудете се косата да има обем. Насочете се кон фризури на кои косата во горниот дел на главата има обем, а отстраните има помал обем. Степенестите прамени ќе ви го дадат тој изглед. Ако преферирате кратка коса, внимавајте каква фризура ќе изберете, затоа што кратката коса ја истакнува формата на округлото лице.

Срцевидно лице. Пробајте да ѝ дадете обем на косата во областа на устата. Популарната „боб“ фризура стои идеално на лице со срцевидна форма. Избегнувајте ги шишките.

ФРИЗУРА СПОРЕД КАРАКТЕРИСТИЧНИТЕ ЦРТИ НА ЛИЦЕТО

Жена со шишки
Ако имате долг нос, најдобро е да си потсрижете шишки.
Долг нос. Ако имате долг нос – потстрижете си шишки и не ја носете косата наназад.

Мал нос. Витканата коса ќе ви стои идеално. Не си правете шишки.

Долг врат. Преферирајте ја долгата коса, за да го прикриете долгиот врат.

Кус врат. Потстрижете се кратко или носете ја косата фатена.

Ако сте ниски, не си правете голема раскошна фризура. Тоа правете го само ако сте високи.

Овие мали тајни ќе ви помогнат, со помош на фризурата, да ги прекриете недостатоците и да си ги истакнете убавите црти.