Живот и Стил

Научниците направија маска која ги неутрализира молекулите на корона вирусот (видео)

Научниците направија маска која ги неутрализира молекулите на корона вирусот (видео)

Група научници од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон направиле заштитна маска која може да ги неутрализира честичките на корона вирусот кога ќе паднат врз неа. Овој ефект се постигнува благодарение на неколку водоотпорни слоеви и посебна иновациона ткаенина со специјален премаз.

Во текот на испитувањата, истражувачите ја ставале маската во раствор со молекули на корона вирусот, шри што дури 99 отсто од нив по еден час ги губеле својствата. Маската може да се користи неколку пати.

Истовремено, францускиот Институт „Пастер“, експериментално утврдил дека маската може да се испере најмалку 50 пати и да ги задржи својствата на неутрализатор.

Погледнете која маска најдобро заштитува од Ковид-19.