Живот и Стил

Научете го детето на добри вредности

Научете го детето на добри вредности
Создадете основа за Вашето дете полесно да ги научи и цени добрите вредности.
Во продолжение ви претставуваме неколку чекори како тоа да го постигнете:
  1. Бидете добар пример

Третирајте ги Вашите деца на начин како што треба тие да ги третираат другите. Научете ги да почитуваат и сакаат.

  1. Учете ги на одговорности

Учете го Вашето дете на одговорности со тоа што ќе му дадете одредени задачи кои ќе треба да ги изврши, а воедно ќе му помогнете сето тоа да биде што поуспешно.

  1. Наградете ги Вашите деца

Наградете ги Вашите деца за добро одработената работа.

  1. Вклучете се

Вклучете се во животот на Вашето дете. Запознајте ги неговите другарчиња, родителите на нивните другарчиња и учители.

  1. Набљудувајте ги нивните активности

Следете ја нивната заинтересираност  за музика, видео игри, телевизија и интернет.

  1. Ценете го времето

Поминувајте квалитетно време со Вашето дете. Вашето учество има позитивна улога врз неговиот живот.