Живот и Стил

Направете сами: Миризливи и шарени кугли за бањање

Направете сами: Миризливи и шарени кугли за бањање

Шумливите купки стекнаа доста голема популарност, но за жал нивните цени се навистина високи. Сепак тоа не значи дека треба да се откажете од топла и пенлива бања која толку многу пријае после тешкиот и напорен работен ден. Денес ви откриваме како самите да направите свои природни миризливи и шарени кугли за бањање и тоа со помош на само неколку состојки кои најверојатно веќе ги имате во вашиот дом. Па, да започнеме.

Потребни состојки:
240 грама сода бикарбона
120 милилитри лимонска киселина
120 грама нерафинирана сол
1 лажица вода
Неколку капки етерично масло по желба
3 лажици маслиново масло
Природна боја за храна
Калап за топки

Начин на подготовка:
1. Сите суви состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги.
2. Во друг сад измешајте ги сите течни состојки (масло, бои).
3. Потоа, полека течните состојки сипете ги во сувите, притоа мешајќи со лажица цело време.
4. Откако добро ќе ги измешате, додајте ја смесата во калапот за топки. И тоа е тоа, вашата топка за бањање е подготвена.

фото:кафепауза.мк