Живот и Стил

Најздрави намирници за богат појадок

Најздрави намирници за богат појадок

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, поради тоа што ни дава енергија за целиот ден. Голем дел од нас пијат кафе и го прескокнуваат појадокот, или пак јадат нешто нездраво, највеќе поради тоа што мислат дека немаат време за здрав појадок. Но, тоа не е вистина.

Ова се здрави намирници, кои можете да ги подготвите набрзина, а кои ќе ви овозможат здрав и убав појадок и убав ден.

Банана

Можете да ги додадете во појадокот или да ги конзумирате како ужина. Содржат витамин Б, магнезиум,но и калиум кој дава енергија.  Можете да направите смути од банани и јаткасти плодови, но и да додадете овесни снегулки за супер здрав појадок.

Јогурт

Совршен избор за протеини наутро. Содржи калциум и пробиотици кои помагаат да имаме здраво варење и метаболизам.

Јајца

Уште еден здрав избор на протеини. Можете да си подготвите омлет со зеленчук за промена.

Јаткасти плодови

Одлични се за намалување на апетитот, а и за оние кои не јадат месо. Содржат протеини, магнезиум, антиоксиданти и состојки за здраво срце и кожа.

Овесни снегулки

Одлични се поради природните влакна кои ги содржат, а можете да ги конзумирате на милион начини.