Живот и Стил
комерцијална објава

Најдоброто од Samsung за најуспешните: Galaxy Z Fold2 – телефонот што ја менува иднината, пристигна и во Македонија

Најдоброто од Samsung за најуспешните: Galaxy Z Fold2 – телефонот што ја менува иднината, пристигна и во Македонија

Galaxy Z Fold2 е телефон кој што ја менува иднината, а овој месец Samsung го претстави и на македонскиот пазар. Број еден телефонот на преклоп во светот е комбинација од моќни перформанси, стакло кое се витка и батерија која трае цел ден. Неговиот главен, внатрешен екран ќе ве воодушеви како дел од храбриот дизајн на телефонот, а ништо помалку нема да сте пријатно изненадени и од напредната технологија со која што е изработен овој неверојатен уред.

Нема ништо подобро од уред кој е постојано во вашата рака додека вие се движите низ предизвиците на брзиот живот во денешницата. Ќе ве следи насекаде пружајќи ви одлична потпора за мултитаскинг, за да можете да бидете присутни на секое место и да ја завршите секоја работа брзо и ефикасно.

Неверојатно е што со Galaxy Z Fold2 добивате телефон и таблет во едно. Кога е затворен имате телефон, а кога е отворен имате таблет. Кога е затворен, Galaxy Z Fold2 претставува врвен паметен телефон со 6,2-инчен екран, кој што овозможува праќање на електронска пошта или разгледување на последните новости без да го отворите. А, кога ќе се отвори добивате 7,6 инчи главен екран при што ќе добиете повеќе простор за играње, за допишување, разговарање, гејминг и работа.

Екранот е направен од ултра тенко стакло на Samsung, со богатите бои на Dynamic AMOLED 2X, а екранот емитува помалку сина светлина, така што може да го отворите како таблет и да уживате во гледањето со часови, речиси без замор на очите. Има мала дупка за камера, без засек и потенки жлебови. Визуелните работи кои ви го одземаат вниманието сега се намалени за да можете да гледате што повеќе од екранот. Интелигентниот дисплеј забележува што правите и ја менува брзината на освежување. На тој начин, добивате идеална глетка и штедење на батерија.

Со неговото преклопување, започнува ново движење. Врвниот дизајн на шарката на Galaxy Z Fold2 овозможува беспрекорно и глатко движење при преклопувањето. Скриената шарка е најнапредниот механизам на преклопување кај паметните телефони. Технологијата CAM овозможува заклучување на екранот под различни агли. Овој паметен телефон поседува и иновативна технологија за чистење, со што прашината и несаканите честички нема да се задржуваат во просторот помеѓу преклопот и куќиштето.

Аголот на гледање повеќе не е предизвик. Galaxy Z Fold2 има Flex режим кој што овозможува  држење под било кој агол за поудобно да се следат содржините на телефонот, како и фотографирање со отворен телефон под агол од 90 степени.

Камерите на овој уред имаат Pro Video, Single Take, Bright Night и Night Mode режими, со што на корисниците им овозможуваат да го овековечат секој момент на врвен начин во висока резолуција. Овој револуционерен Galaxy Z Fold2 паметен телефон има фокус како со видео-камера. Едноставно допри ја опцијата Auto framing и камерата ве следи вас или она што го сликате за да ве задржи во центарот и во фокус. А ако се приклучат повеќе луѓе, го проширува погледот за и тие да бидат вклучени во кадарот — а потоа повторно го стеснува кога ќе се тргнат.

Постојат уште можности и неограничени извори на инспирација со Galaxy Z Fold2. За повеќе информации посетете ја https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold2/ и одлучете се да имате и вие телефон од иднината за револуционерна сегашност.