Живот и Стил

Најдобрите палачинки по рецепт на Џејми Оливер: Има само една тајна…

Најдобрите палачинки по рецепт на Џејми Оливер: Има само една тајна…

Во рецептот на познатиот готвач Џејми Оливер нема одделување на белките од жолчките, нема мерења и специјални состојки, сè е во една бројка.

Состојки:
– една шолја брашно
– една шолја млеко
– едно јајце
– една лажица прашок за пециво

Подготовка:
Изматете ги сите состојки и премачкајте ја тавата за палачинки со две капки масло, а потоа ставете го шпоретот на тивок оган. Кога ќе се загрее, ставете три лажици од смесата и печете. Кога по краевите ќе почнат да се појавуваат ‘меурчиња’, свртете ја палачинката и печете додека не добиете златеникава боја.

Сервирајте со јаворов сируп, овошје и мед, боровница и слатка павлака. Вака подготвените американски палачинки може да се јадат и во солена комбинација.

извор:точка.ком.мк