Живот и Стил

Мраморни јогурт мафини – целиот дом ќе мириса додека се печат

Мраморни јогурт мафини – целиот дом ќе мириса додека се печат

Направете мраморни јогурт мафини.

СОСТОЈКИ:

  • 250 мл. јогурт
  • 1 шолја шеќер
  • 2 јајца
  • 2 шолји брашно
  • пола шолја масло
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 3 лажици какао
  • 50 гр. рендано чоколадо
  • 1 кора од лимон рендана

ПОДГОТОВКА:

  • Се матат јајца со шеќер и ванилин шеќер па се става полека масло и брашното со прашок за пециво и јогурт.
  • Се дели тестото на два дела.
  • Се става какао и рендано чоколадо во едниот дел, а во другиот рендана кора од лимон.
  • Се става светлиот дел од тестото во калапи за мафини, па темниот и се пече 20 минути на 180 степени.

извор:готви.мк