Живот и Стил

Миризливи свеќи за подобро расположение

Миризливи свеќи за подобро расположение

Свеќите даваат топла и интимна атмосфера во домот и можат да бидат одличен антистресен лек и во канцеларијата. Освен што се прекрасни декоративни предмети, тие имаат позитивно влијание врз расположението и внесуваат смиреност, енергија и доверба.

Во зависност од вашето расположение постојат различни видови свеќи со различни ароми. За сите оние кои поминуваат низ стресна ситуација поволни се свеќите од смола која произлегува од типичните колумбиски дрва.

Тие делуваат смирувачки и ја намалуваат тензијата. За оние кои имаат цврст карактер и обожаваат интензивни мириси, свеќите со арома на боровинки и ирис се идеални за нив.

Дали сонувате за слатко бегство во природата? Ако сакате повторно да се поврзете со природата запалете свеќа со мирис на пелин во комбинација со кедрово дрво. Ако сакате да се опуштите во сензуална атмосфера, во стилот на „Илјада и една ноќ“, мирисот на шафран и урми е совршената комбинација. За спалната соба и за оние коие се љубители на слатки мириси, изберете ја класичната ванила и нема да погрешите.