Живот и Стил

Мажите во овие хороскопски знаци се совршени сопрузи

Мажите во овие хороскопски знаци се совршени сопрузи

Мажите родени во овие три хороскопски знаци имаат големи квалитети кои ги прават совршен „материјал за брак“!

Водолија

Водолиите тешко му го „даваат“ срцето некому, а еднаш кога ќе се заљубат, подготвени се да направат сè за таа личност. Како сопруг, Водолијата секогаш ќе се труди да ги исполни желбите и потребите на својата сопруга и ќе ја третира како принцеза, а покрај овие родени авантуристи никогаш нема да ви е здодевно. Единсвениот недостаток им е нивната претерана чувствителност, поради која некогаш многу лесно се лутат.

Лав

Иако мажите родени во овој знак може да делуваат како женкари, поради својата изразено привлечна харизма на која паѓаат многу жени, Лавовите ги забележуваат само сличните на нив. Жената која може да ги освои треба да има цврсти ставови и да им биде рамноправна, а еднаш кога ќе пронајдат таква, остатокот од животот ќе се трудат да направат сè за да ја усреќат.

Шкорпија

Иако во младоста се склони кон често менување на партнери, кога ќе станат сериозни, Шкорпиите се подготвени да се скрасат само со една личност. Во бракот се верни и посветуваат големо внимание на својот партнер/ка, а за нив се вели дека се страствени љубовници, што е дополнителен бонус.