Живот и Стил

Марама – вашиот моден сојузник оваа сезона

Марама – вашиот моден сојузник оваа сезона

Марамите се од оние модни додатоци кои ги купувате еднаш и ги носите (за)секогаш. Нивната популарност речиси секогаш е константна, бидејќи многу често се клучен детаљ кој ја подобрува комбинацијата.

Она што е различно и што може да се менува низ годините, а во склад со трендовите, е начинот на кој се носат. Конкретно за оваа сезона, марамите ќе бидат главен додаток за во коса, односно за глава.

Врзани во форма на лента или за опавче, пунџа, ќе му дадат на вашиот изглед елеганција. Марамите ќе се носат и во стилот на холивудските диви – врзани под брадата и со очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A N A T H (@anath.silk.fashion) on

Уште еден трендовски начин кој го практикуваат и познатите е марама во коса во форма на триаголник.

Но, освен во коса, марамите оваа сезона можете да ги носите и како моден додаток врзани за чанта. Оние што го сакаат дамскиот изглед, може да си го украсат и летниот шешир со марама.

Класичниот начин на кратка свилена марама околу вратот е нешто што не бледее кога се модните трендови во прашање. Тоа е сигурен избор кога сакате на вашиот изглед да му додадете софистицираност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ШЕЛКОВЫЕ ПЛАТКИ (@by_gaidamaka) on

Марамите ќе бидат актуелни и како „топ“ кој ќе го комбинирате со џинс, здолниште или шорцеви. Но, за ги носите така мора да имате добро стегнато тело, а потоа и да знаете како да го носите и секако комбинирате.

извор:точка.ком.мк