Живот и Стил

Мајка со забавни пораки на табла го документира животот со две мали деца

Мајка со забавни пораки на табла го документира животот со две мали деца

Маја Вордерстрас продолжува да ги смее родителите со своите хумористични фотографии и пораки на табла.

Забавната мајка на две мали деца создава фотографии кои ја прикажуваат реалноста на мајките и маките кои доаѓаат со мајчинството.

Маја на Instagram честопати ги споделува и своите чувства за да им покаже на другите мајки дека не се сами.

Маја ВордерстрасФАНТОМСКИ ПЛАЧ: Липањето и врескањето кое една мајка го слуша во нејзината глава секогаш кога ќе се обиде да направи нешто, особено да се истушира.

Маја ВордерстрасЈас ПРЕД да имам деца: Моето дете НИКОГАШ нема да гледа ТВ пред да наполни 2 години, нема да игра на таблет, ниту да го користи мојот телефон во јавност. Јас ДЕНЕС: ХАХАХАХ сигурно!

Маја ВордерстрасЈАС: Готово, повеќе не спијам со децата. ПАК ЈАС: кога моето дете конечно ќе заспие во сопствениот кревет.

Маја ВордерстрасИзразот на лицето кога твоите деца ќе направат нешто за кое си се колнела дека никогаш нема да го направат: Да го користат твојот телефон или таблет.

Нели бевме совршени родители пред да имаме деца? Денес сфатив дека понекогаш ќе направам сè што е потребно за да преживеам!

Маја ВордерстрасЧекајќи го сопругот да се врати дома од работа:

Маја ВордерстрасПРВО ДЕТЕ: Ја комплетираш радосницата; Го фотографираш секој месец; Ги чуваш етикетите, алиштата, косата, забите, го собираш во шише првиот воздух што го вдишало. ВТОРО ДЕТЕ: Упс, жал ми е!

Маја ВордерстрасСОПРУГОТ НА ДЕНОТ НА МАЈКАТА: „Денес е твој ден, јас ќе ги зготвам сите оброци. Седни и уживај!“ УТРОТО ПО ДЕНОТ НА МАЈКАТА:

Маја ВордерстрасНекои ме викаат МАМА, но вие можете да ме викате КООРДИНАТОР НА ХАОС

Маја ВордерстрасЈАС: Спиењето на ист кревет со децата е најдобро за нас, го обожавам! ПАК ЈАС:Исфрлена од џиновски кревет по 27 пати во една ноќ.

Маја ВордерстрасПревозбудена сум што доаѓа Денот на вљубените. Едвај чекам да се искараме што ќе јадеме, а потоа да се онесвестиме додека одлучуваме што да гледаме на ТВ.

Маја ВордерстрасХРАНЕЊЕ НА МОЕТО ДЕТЕ: 2 часа потрошени на 3 различни опции од кои 70% завршува на подот, 10% во мојот стомак, а моето дете ќе изеде половина тост и бајати житарки.

Маја ВордерстрасМАЈЧИНСКИ МОЗОК: Состојба која ги засега жените откако ќе забременат. Симптоми: Губење на меморијата и… Што сакав да кажам?

Маја ВордерстрасНЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Заспијте сокол. Оддалечете се незабележани. КРЦ! Таа стои зад мене, нели?

Маја ВордерстрасСЕКОГАШ КОГА ЌЕ СЕ ОБИДАМ ДА СЕ ИСТУШИРАМ: Халуцинирам дека плаче бебе; Бебето навистина плаче; Пука цевка; Снемува струја.

Маја ВордерстрасЛИШУВАЊЕ ОД ТОАЛЕТ: Тие ме следат секогаш кога ќе се обидам да мочам, а кога ќе треба да какам… Хахаха, се шегувам, ниту една мајка нема време за тоа!

Маја ВордерстрасНа сопругот му ветив дека со второто дете ќе бидам минималист. Ја минимизирав мојата самоконтрола.

Маја ВордерстрасПРВ ДЕН ОД ОДМОРОТ НА ТАТО: Преживеа до вечерата и заплака само двапати. Добра работа тато!

Маја ВордерстрасНешта кои моите дете ги направи лепливи денес: Бејбифонот, далечинскиот управувач, мојата коса, сите рачки од шкафовите, задното седиште.

Маја ВордерстрасВе молам за едноминутно молчење за сите кафиња што сме заборавиле да ги испиеме и да се потсетиме на оние кои сме се обиделе да ги претоплиме.

Неодамна, Маја призна дека до пред извесно време се чувствувала невидливо и дека воопшто не си посветувала време на себе. Но, откако отишла на фризер и посветила неколку часа на изгледот, таа сфатила колку е тоа важно.

Маја Вордерстрас

МАЈЧИНСКА ВИНА: Ме држеше како заложник, но денес, конечно сум слободна.

Цели 19 месеци си смислував еден изговор по друг за да не си ја средам косата: „Хејзел ќе сака да цица… Децата ќе плачат… Зои никогаш не се разделила од мене толку многу часа… Прескапо е… Не ми треба потстрижување… Имам домашни обврски….“ и уште многу други, но вистината беше дека мислев дека не вреди да си го трошам времето, парите и енергијата. Си дозволив да верувам дека оставањето на децата за да направам нешто за мене би значело дека ги занемарувам. Станав невидлива за мене, а многу е опасно да паднеш во таа дупка.

Стануваше збор за нешто повеќе од мојата коса, стануваше збор за мојата самодоверба и самопочит. Не чувствував дека заслужувам 4 часа одмор за да се погрижам за себе. Мојот сопруг забележа колку се срамам од мојата коса и продолжи да инсистира толку многу, што на крајот јас се предадов. Кога излегов од дома и ја затворив вратата зад себе, бев обземена од анксиозност, каење и стрес и тешко се воздржував да не заплачам. Тој ја исклучи камерата за да не ги проверувам и да се грижам.

По два часа, заспав на столчето за миење на косата. Прочитав цело списание. Испив топло кафе. А кога конечно го видов крајниот резултат и се уверив колку е жива и силна мојата коса и слушнав колку добро им е на децата со мојот сопруг, сфатив колку е важна грижата за себе.

За неколку часа јас ги наполнив батериите и конечно почувствував дека вредам, дека сум видена и дека сум си важна СЕБЕСИ. Да се ценам себеси сигурно ќе биде секојдневна битка, но си ветив дека најмалку што можам е да ги правам нештата што ми носат радост. Да свирам на гитара колку што е можно почесто, да излегувам со моите пријателки и да не чувствувам вина кога си посветувам внимание себеси. Ве охрабрувам да го направите истото. Ќе бидеме многу подобри мајки кога ќе откриеме колку вредиме и кога ќе се цениме себеси. Знајте дека сте многу поважна личност отколку што некогаш можете да си замислите.