Живот и Стил

Мајка до својата ќерка: Драга моја, јас ги немам сите одговори, но сакам да ги знаеш овие работи…

Мајка до својата ќерка: Драга моја, јас ги немам сите одговори, но сакам да ги знаеш овие работи…

Емотивно писмо од мајка до својата ќерка во кое се кажани многу работи.

Драга моја, јас ги немам сите одговори, но животот е составен од многу мали ситници кои се многу важни, а за нив знам доволно за да го направам и мојот, но и твојот живот, подобар, посреќен и полесен. И јас бев ќерка и мојата мајка беше личноста од која највеќе учев.

Драга моја ќерко, сакам да ги знаеш овие работи:

Никогаш не се споредувај со никого – таа навика ќе ти ја украде сопствената среќа.
Секогаш биди покрај твоите пријатели.
Носи удобни чевли.
Сакај безусловно.
Не заборавај дека можеш да го промениш светот.
Не се плаши да ризикуваш, но биди мудра.
Биди задоволна од своето тело, сакај се себеси.
Дружи се со оние кои те поттикнуваат да бидеш подобра личност и бегај од оние поради кои се чувствуваш лошо.
Зрачи со оптимизам.
Не се плаши од заљубување, тоа е најубавото чувство на светот.
Ти се многу повеќе од она што го правиш. Земи си време, слушни го своето срце за да дознаеш која си и колку можеш.
Секогаш биди љубезна, прво кон себе, а потоа и кон останатите.
Биди среќна.
Знај дека јас секогаш ќе бидам покрај тебе, без оглед на сѐ.
Откриј ја својата цел, а потоа истражувај ги границите на својата сила.
Длабоко диши и биди свесна за моќта на твоето постоење.
Сѐ што правиш, прави го низ игра и забава.
Секогаш прашувај кога сакаш да дознаеш нешто.
Користи го својот глас и силата на твоите мисли.
Поминувај повеќе време под отворено небо.
Тенка е границата меѓу она што го можеш и она што не го можеш – биди свесна за тоа и помири се со тоа.
Немој да се срамиш ако те остави некој.
Заборави на тони шминка, биди убава онаква каква што си.
Биди и силна и нежна и моќна и кревка.
Не се грижи околу тоа што ќе бидеш кога ќе пораснеш, тоа ќе го дознаеш попатно низ животот.
Имај визија, покренувај иницијатива, биди страствена и трпелива.
Никогаш не го потценувај ниту стресот, ниту спиењето – двете работи се важни за животот (едното да го имаш помалку, другото повеќе)
Научи кога да бидеш водач, а кога треба да водиш.
Негувај ја својата душа.
Добро запомни: Ти треба да бидеш онаква каква што си.
Кога ќе пораснеш, те молам почесто посетувај ме.
Мама засекогаш ќе те сака!

извор: Курир.мк