Живот и Стил

Ледена торта: Рецепт за оние кои обожаваат кафе и чоколадо

Ледена торта: Рецепт за оние кои обожаваат кафе и чоколадо

Ако додадете кафе во чоколадна ледена торта ќе добиете одличен вкус кој ќе го обожаваат дури и оние кои не го сакаат кафето.

Потребни состојки:

  • 80 милилитри топло инстант кафе
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 350 г чоколадни струготини или сечкано чоколадо
    300 г хопла
  • 1 лажица шеќер
  • 1/8 лажичка сол
  • 2 лажици ликер од кафе (по избор)
  • купена кора
  • шлаг и чоколадни струготини за украсување

Начин на подготовка:

  • Во една чаша комбинирајте ги кафето, какаото и екстрактот од ванила и ставете ги настрана.
  • Стопете го чоколадото во тава на средна топлина или во микробранова печка за 30 секунди. Оставете да се олади.
    Миксирајте ја хоплата, шеќерот и солта додека не добиете мека смеса.
  • Во стопеното чоколадо додадете ја смесата со кафе и ликер од кафе (по избор), а потоа и смесата со хоплата. Мешајте додека не се комбинираат.
  • Ставете ја смесата врз купената кора, а потоа користете шпатула или нож за рамномерно распределување. Оставете 1 час во фрижидер, а потоа украсете со шлаг и чоколадни струготини.

иѕвор:кафепауза