Живот и Стил

Колку часa сон му треба на вашето бебе?

Колку часa сон му треба на вашето бебе?

Секое дете има своја индивидуална шема и потреба за спиење и јадење. Новородените бебиња особено немаат концепт за дење или ноќе во првите неколку недели. Нема голем број на активности кои можат да ги направат родителите за да ја развијат шемата.

Можете да го поддржите детето во својот развој, но самото дете го одредува темпото. Некои деца имаат силен природен ритам. Овие деца обично спијат преку цела ноќ од рана возраст. Други бебиња секогаш се гладни или изморени во одредени периоди во текот на неколку месеци. Имаат потреба од поддршката на нивните родители за да најдат рутина која е прифатлива за целото семејство.

Повторувачки, смирени дневни рутини со редовни оброци, пред спиење и други активности како прошетки надвор или одредени ритуали се многу важни
Рутината како: капење, јадење, приказни за добра ноќ или приспивни песни може да имаат смирувачки ефект. Не заборавајте да ги полните вашите сопствени енергетски извори со добро балансирана исхрана, доволно течности и повеќе одмор од обично во текот на денот.
За време на првите недели од животот

За време на првите недели од животот изгледа дека бебето спие скоро цел ден. Всушност, бебињата спијат околу 18 часа дневно, обично во циклуси по 4 часа, прекинати со будни моменти за пиење, менување пелени и гушкање.

Од 4 до 5 месечна возраст
За време на првите 4 до 5 месеци бебето учи да прави разлика помеѓу ден и ноќ. Чувството за овој ритам не е вроден. Биолошкиот часовник се сетира после раѓање, следејќи ги индициите кои ги добива од специфични семејни рутини. Со време, честите кратки дремки преминуваат во подолги периоди на спиење. И будното време постепено се зголемува.
Од 6 до 12 месечна возраст

За периодот 6 до 12 месеци повеќето деца спијат околу 11 часа ноќе и два пати во денот по 1 до 1,5 часа. Кратките дремки не треба да се подолги бидејки детето може да има проблеми со спиење во текот на ноќта.Некои родители не сакаат да ги будат бебињата бидејки мислат дека сонот им е потребен.Сепак, за да не се загрози здравиот ритам најдобро е да се будат децата нежно ако имаат обичај да спијат невообичаено долго во текот на денот. Нели е подобро да е детето намуртено после будење во денот отколку да се буди навечер свежо и наспано и да бара внимание? Користете го времето кога бебето е будно во текот на денот како интензивно квалитетно заедничко време и поддржувајте го неговиот развој. Најдолго будно време околу 4 до 5 часа треба да биде времето пред ноќното спиење. Ова исто така ќе му помогне на бебето да запие лесно и да спие во текот на ноќта.

За време на втората година

За време на втората година на децата им треба околу 13 часа сон дневно. Ако 11 часа се во текот на ноќта, останува еден час за дремка после ручекот. Некои започнуваат да ја намалуваат дневната дремка на еден час на пладне на возрастод 10 месеци, други го прават тоа на 18 месеци.

За време на третата година

Колку се постари бебињата, толку помалку сон ќе им треба. За време на третата година на децата им треба околу 12 часа сон. Многу деца се откажуваат од дремката после ручек потполно, но други ја зачувуваат оваа навика до градинка.