Живот и Стил

Колку авокадо јаде Викторија Бекам во текот на денот?

Колку авокадо јаде Викторија Бекам во текот на денот?

Во интервју за медиумите, Викторија Бекам ги откри своите планови за козметичката линија „Викторија Бекам Бјути“ (Victoria Beckham Beauty) и изјави дека за здрава и сјајна кожа не треба да се користат само козметички производи, туку треба да се внесува и потребната количина здрави масти.

Мастите му овозможуваат на телото да ги апсорбира витамините од овошјето и од зеленчукот и да ја одржува кожата здрава и хидрирана.

Затоа Викторија Бекам јаде по три авокада на ден. Авокадото е одличен извор на добри масти, но исто така содржи и големо количество витамин Е којшто е неопходен за добар изглед на кожата. Витаминот Е е антиоксиданс кој ги штити клетките од надворешните влијанија што го зголемуваат ризикот од стареење на кожата.

Викторија им се довери на медиумите и изјави дека нејзината козметичка линија не ветува совршенство и помлад изглед веднаш бидејќи нејзиниот пристап е реален. Таа вели дека нема да ги лаже своите клиенти и дека жените треба да се сакаат себеси иако не се совршени.