Живот и Стил

Која е најголемата грешка што ја направивте во 2018 и како да ја исправите во 2019?

Која е најголемата грешка што ја направивте во 2018 и како да ја исправите во 2019?

Овен

Во 2018,  се движевте со огромна брзина и влетувавте во непознати ситуации. Зборувавте без да размислите, и не кажувавте многу. Го избиравте најбрзиот, наместо најпаметниот пат.

Во 2019, препознајте ја важноста на трпението. Почнете со мали чекори. Дозволете си себеси да ги направите работите добро, наместо да ги направите брзо.

Бик

Во 2018, се сомневавте во себе. Наместо да ги искористите можностите кои ви надоаѓаа, вие решававте да останете во својата комфорна зона каде се чувствувате безбедно.

Во 2019, запаметете ја важноста на преземање ризици. Не дозволувајте да се каете на истиот начин и да ги пропуштате големите работи од кои се плашите.

Близнаци

Во 2018, дозволувавте да се одалечите од оние кои ви значеа многу. Дозволувавте да престанете да комуницирате и да ги барате тие луѓе. Вашите врски и односи со другите избледеа.

Во 2019, потрудете се да ги обновите оние пријателства кои ви значат. Покажете напор и најдете повеќе време за луѓето кои ви се важни.

Рак

Во 2018, не баравте помош кога ви беше потребна. Си дозволувавте себеси самите да се соочите со проблемите, наместо да побарате совет или поддршка од оние кои ве се блиски. Не сакавте да им пречите со своите проблеми и само повеќе си отежнувавте поради тоа.

Во 2019, не го правете веќе тоа. Не морате никому да докажувате дека сте храбри. Признајте дека не сте добро, кога не сте.

Лав

Не го постигнавте сето тоа што првенствено го планиравте. Од некои цели  и соништа се откажавте бидејќи не можевте да најдете време и мотивација.

Во 2019, завршете го тоа што го започнавте. Не се откажувајте на средина. Туркајте се себеси посилно и очекувајте многу повеќе од себе.

Девица

Во 2018 бевте отровни кон себеси. Си дозволувавте да се извинувате на другите и да им ги простувате нивните постојани грешки. Им верувавте на луѓето, а тие постојано ве разочаруваа.

Во 2019, не дозволувајте им на токсичните луѓе да поминат туку така. Не ги намалувајте стандардите за љубовта.

Вага

Оваа година бевте премногу фини. Им дозволувавте на луѓето да ве искористуваат  и никогаш не застанавте позади себе.

Во 2019, ставете се себеси на прво место. Дозволете си себеси да бидете себични. Дозволете да се грижите за себе и своите потреби пред другите.

Шкорпија

Се оптоварувавте премногу со своите грешки. Постојано размислувавте што тргна погрешно и се мразевте себеси без причина.

Во 2019, простете си за своите грешки. Прифатете го минатото и дозволете си себеси да бидете подобри во иднина. Гледајте напред, а не назад.

Стрелец

Ги откажувавте сите планови, бидејќи само сакате да бидете дома и да спиете. Ги зачудувавте своите пријатели со начинот на однесување, ги избегнувавте сите.

Во 2019, продолжете да бидете авантуристот кој секогаш бевте. Бидете посоцијални и дружете се со оние кои ве прават среќни.

Јарец

Во 2018, работевте постојано. Не си дававте простор за одмор. Одвај наоѓавте време да дишете.

Во 2019, дајте си пауза. Не бидете престроги кон себеси. Не се туркајте себеси до граница на истоштување.

Водолија

Во 2018, најголем дел од времето го поминавте грижејќи се и оптоварувајќи се за тоа што ќе ви го донесе иднината. Се грижевте без потреба и си смислувавте проблеми кои не постојат.

Во 2019, уживајте повеќе во сегашноста. Уживајте во животот и не се оптоварувајте толку многу размислувајќи за утре.

Риби

Имавте лош однос кон своето тело. Не вежбавте и јадевте лоша храна. Имавте многу лоши навики.

Во 2019, изградете подобри навики кои ќе ве направат среќни.Сакајте се себеси повеќе и бидете подобри кон себеси.