Живот и Стил

Кој вели дека зимата доаѓа – 5 дестинации каде што летото трае засекогаш, а кои ќе ве маѓепсаат со своите убавини

Кој вели дека зимата доаѓа – 5 дестинации каде што летото трае засекогаш, а кои ќе ве маѓепсаат со своите убавини

Додека со носталгија ги гледаме шарените, морски фотографии на социјалните мрежи, а спомените нè навлекуваат на летото кога сите сме безгрижни и сакаме да уживаме, сакаме да се вратиме во тоа време.

Сепак, треба да се соочиме со тоа дека најтоплиот дел од годината е зад нас. Но, оние кои што го сакаат летото, секако дека не треба да потпишат капитулација.

Фактот дека сме есен не значи дека не можеме да го пронајдеме летото некаде на друго место на земјината топка. Доколку сакате да патувате и да истражувате нови места, а најголем сон ви е летото да трае засекогаш, тогаш ова се тие дестинации кои што се создадени за вас.

Маракеш

Мароканскиот град Маракеш ќе ве восхити со своите живописни улици, хаотични пазари прекрасни градини и неверојатната храна, но љубителите на летото ќе бидат воодушевени што на нивното патување дури и во месец ноември ќе ги дочека температураод 20 степени целзиусови. Пустинските температури, кои што некогаш знаат да бидат екстремни ќе бидат идеални за да прошетате таму.

Канарски острови

Доколку сакате егзотични патувања, а не сакате да патувате многу часа, Канарските острови се совршен избор за одмор. Тенерифе, Гран Канари, Ланзароте, Ла Гомера, Ел Хиеро, Фуертевентуре и Ла Палма се седумте шпански острови со вулканско потекло, но и природна убавина кои што ќе ве воодушеват.

Сан Диего

Градот во јужна Каролина сместен на карјбрежјето на Тихи Океан е местото за кое што многумина сонуваат. Познат по својата разновидна култура, блага клима која што ќе ве потсетува на медитеранската. Повеќе од 200 денови во годината таму температурата е повисока од 20 степени целзиусови што го прави совршена дестинација за шетање и истражување на знаменитостите.

Малта

Островската држава во Средоземното море, Малта изобилува со неверојатни плажи. Таа има прекрасни заливи, а на улиците се мешаат различни влијанија поради што одморот ќе ви биде интересен.

Куба

Доколку барате дестинација која што е синоним за лето, тогаш тоа дефинитивно е Куба. И тоа не само поради високите температури туку и поради шарените кубански улици, палми, песочни плажи, но и позитивните вибрации на оваа необична земја. Велат дека Куба е „земја на илјадници насмевки“, па поради тоа мислиме дека некогаш навистина треба да ги спакувате вашите куфери и да отпатувате на оваа дестинација која што ќе ве воодушеви.

Извор: точка.мк