Живот и Стил

Кои се најдобрите туристички места? 5 земји со интересна кампања привлекоа најголемо внимание кај луѓето

Кои се најдобрите туристички места? 5 земји со интересна кампања привлекоа најголемо внимание кај луѓето

Медитеранот традиционално привлекува голем број на туристи секоја година во текот на летниот период, а таков е случајот и во овој пост-пандемиски временски период.

Секоја година Медитеранот привлекува речиси третина од светските туристи, особено кога станува збор за летните годишни одмори, а таков тренд е забележан и во 2021 година.

Многу од земјите кои во голема мера зависат од посета на туристите овие денови зголемено се обидуваат да насочат внимание на себе со разни кампањи и промотивни активности.

Кои моментално се најинтересни земји за туристите?

Грција

Грција ја започна промотивната кампања со име „All you want is Greece“ чиј фокус е на природните убавини на земјата и на безбедност од коронавирус. Оваа промотивна кампања е најголема во последните неколку години и планот им е да привлечат барем 15 милиони туристи.

Хрватска

Хрватска многу позитивно и рано се издвои (уште од месец февруари) со својата кампања „Safe stay in Croatia“. Оваа земја гарантира безбедност и сигурност на сите туристи кои ќе одлучат да одат таму на одмор.

Турција

Турција започнала кампања со порака „Enjoy, I’m vaccinated“ која јасно говори дека сите туристички и угостителски работници се вакцинирани.

Шпанија

Шпанија започнала промотивна кампања со слоган „You deserve Spain“ и главно е во дигитален формат, а се спроведува на социјалните мрежи. Нивната кампања има за цел да му покаже на светот за каква туристичка убавина станува збор.

Франција

Франција има кампања „What really matters“ ја промовира перцепцијата за живот и животен стил, особено во руралните и ретко населени подрачја.

извор: точка.мк