Живот и Стил

Кои се најчестите грешки на жените

Кои се најчестите грешки на жените

Сите правиме грешки, но најумните луѓе секогаш учат од туѓите грешки. Затоа, ако сакате да го избегнете стагнирањето при обидите за намалување на телесната тежина, прочитајте ги најчестите женски грешки при слабеење.

  1. Премногу кардио вежби со стабилно темпо

Вежбањето е исклучително важно за секоја програма за слабеење, но човечкото тело е навикнато да се адаптира на промени. Доколку долго време вежбате исти или слични кардио вежби со стабилно темпо, без варијации, нивната ефикасност постепено ќе се намалува. За да ја избегнете оваа грешка, варирајте ги вежби, интензитетот или пак вежбајте во интервали: побавно-побрзо со промена на неколку минути.

Резултат со слика за cardio exercises woman

  2. Недоволно вежби со тегови

Колку што се важни кардио вежбите за согорување на масните наслаги, толку се важни и вежбите со тегови за зацврстување на мускулното ткиво. Постојат митови кои велат дека жените што вежбаат со тегови ќе добијат преголема дефиниција на мускулите и ќе започнат да изгледаат мажествено. Ова едноставно не е точно. За да дојдете до мигот на раст на мускулното ткиво е потребно време и специјална програма за вежбање.

Резултат со слика за Жена дига тегови

  3. Празен резервоар

Една многу лоша грешка што ја прават жените при вежбање е тоа што немаат вода со себе или пак физичката активност ја прават со празен желудник. Залудно е да се тренира без извор на енергија. Не само што ќе ви биде потешко да се движите, туку нема да го постигнете посакуваниот ефект во насока на согорување на масните наслаги. Каснете барем мала ужинка пред почетокот на тренингот и секогаш носете си вода со себе, дури и ако во мигот не сте жедни – добро хидрираното тело е клучен предуслов за здрава физичка активност.

Резултат со слика за woman drink water

4. Автопилот

Ако користите премногу лесни тегови, со кои без мака ги правите сериите или пак стигнувате до крајот на тренингот без воопшто да се испотите, многу е веројатно дека вежбите не се доволен предизвик за вашите мускули. За да знаете дека тренингот ви е ефективен, последните неколку повторувања од која било вежба воопшто не треба да бидат лесни – така ќе знаете дека напредувате.

Резултат со слика за cardio exercises woman

5. Скратен пат

Не вежбате и не слабеете за никој друг освен за себеси. Доколку треба да направите 3 серии по 12 повторувања од некоја вежба, не застанувајте на 9, велејќи си дека тоа е доволно добро. Ако треба да истрчате 5 километри, не застанувајте на 4 и пол, со ветување дека ќе надоместите следниот пат. Не постои подобро време за физичка активност од сегашноста.

Резултат со слика за cardio exercises woman