Живот и Стил

Кои бои најмногу им прилегаат на бринетите?

Кои бои најмногу им прилегаат на бринетите?

Од светло розова па сè до пастелна жолта, овие неверојатни бои ќе направат да изгледате одлично, а во продолжение погледнете како да ги носите боите на најдобар начин.

Бела и крем нијанси
Неутралната палета на бои изгледа многу добро на бринетите, бидејќи нивната темна коса доаѓа до израз.

Црвена
Црвената боја е тајното оружје на секоја бринета која вешто го крие под ракавот. Исто важи и за црвениот кармин.

Темно сина
Темно сината нијанса е многу подобра варијанта за бринетите девојки отколку црната боја, бидејќи поради темната нијанса на косата може да дојде до „избледување“ на целиот изглед и да го направи досаден.

Розова
Светло розовата боја е нијанса која создава најсилен контраст на темната коса.

Жолта
Жолтата боја е најдобра од сите нијанси кои можете да ги одберете доколку имате кафена коса. Контрастот на оваа боја и кафената коса изгледа совршено!

извор:кафепауза.мк