Живот и Стил

Кое е идеално време за појадок?

Кое е идеално време за појадок?

Сигурно многу пати досега сте слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот. Но, не е важно само што ќе појадувате, туку и кога ќе го направите тоа.

„Кога ќе јадете е еднакво важно, како и што ќе јадете“, вели диететичарот Тереза Шанк. Таа препорачува појадокот да се јаде во период од два часа после будењето.

„Консумирањето на храна во овој временски период, помага во текот на денот да имаме стабилно ниво на шеќери во крвта, односно апетитот да биде поумерен“, објаснува Тереза.

Кога не е стабилно нивото на шеќери во крвта доаѓа до чувство на глад, желба за благо и прејадување, а тоа се работи кои сакате да ги избегнете.

„Кога се будиме, нашето тело мора да се забрза и да се разбуди од состојба на гладување, во која се наоѓа во текот на ноќта“, додава Тереза.

Јадењето на појадокот во рок од два часа после будењето важи за поголемиот дел од луѓето, речиси за сите. Меѓутоа, кај оние кои страдаат од дијабетес, уште поважно е да се одржува стабилно ниво на шеќери во крвта.

Што ако тренирате наутро?

Од тоа како вашето тело реагира на вежбањето после јадење, всушност зависи дали треба да јадете пред утринскиот тренинг.

„Ако планирате да вежбате наутро, тогаш морате сами да сфатите дали на вашето тело повеќе му одговараат вежби после јадење, или пак на празен стомак“, истакнува Тереза.

Што ако не сакате воопшто да јадете наутро?

Без разлика на тоа што можеби не сакате да консумирате ништо наутро, потребно е да јадете барем по нешто за појадок. Прескокнувањето на овој оброк се поврзува со зголемен ризик од добивање на дијабетес тип два, а покрај тоа, можеби послабо ќе паметите некои работи, додека и нивото на шеќери во крвта ќе ви биде пониско, што значи дека и метаболизмот ќе биде побавен.