Живот и Стил

Клима уредот предизвикува настинка: Ова се сите митови и вистини!

Клима уредот предизвикува настинка: Ова се сите митови и вистини!

Живееме во некои убедувања кои одамна се наметнати, а всушност повеќето од нив се само еден обичен мит.

Летните вирусни инфекции во основа не се разликуваат од зимските. Тие се предизвикани од истите вируси, а за инфекцијата да се развие потребно е вашиот имунитет да биде ослабен. Во текот на зимата, имунитетот опаѓа поради ниските температури, но што предизвикува негово опаѓање во текот на летниот период?

Причините се бројни – пред сè може да биде сонцето (прегревање на телото), но и преоптовареност и умор, недостаток на сон, лоша исхрана, изненадни промени во дневниот режим или клима и големи температурни разлики.

Еве само дел од најчестите митови за настинките во текот на летото:

Сладоледот и консумирањето на ладните пијалаци предизвикува болест – МИТ
Не станува збор за консумирање на ладни производи, туку за разлика во температурата која се јавува во текот на летото. Во текот на топлите денови, целото тело се загрева, а сладоледот или пијалаците кои се чуваат во фрижидер предизвикуваат шок. Тоа лесно може да доведе до грчеви во крвните садови на грлото и тоа е она што им олеснува на вирусите да навлезат во нашето тело и да го заразат. Истото важи и за пливањето во студено море, океан или езеро.

Настинката во лето се третира на ист начин како и во зима – ВИСТИНА
Кога станува збор за домашните лекови за настинка, препораките не се менуваат во зависност од сезоната. Иако можеби ви се чини дека топлиот чај со мед не е најдобра идеја во летните месеци, тој ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот. Постојат и превентивни методи кои не се менуваат во текот на годината, од кои најважна е правилната хигиена – миење на рацете пред и по јадењето или дезинфекција со посебни средства, доколку не можете да користите сапун и вода.

Клима уредот предизвикува настинка – МИТ
Самиот клима уред не предизвикува настинки, меѓутоа под одредени услови може да биде поволно тло за нив, пред сè кога температурата во климатизираната просторија значајно се разликува од онаа надвор. Второ, ладниот воздух ја суши слузницата која станува поподложна на воспаленија и ја слабее природната заштитна бариера на нашето тело. Со тоа, доколку просторијата нема доволно балансирана циркулација и влажност на воздухот, клима уредот може да придонесе за појава на настинка. Исто така, постојат илјадници микроби кои се развиваат во неисчистените клима уреди, па затоа е важно филтрите редовно и темелно да се дезинфицираат.

За време на летото е потешко да се настине – МИТ
Точно е дека летните инфекции се јавуваат поретко и најчесто имаат поблаг тек, но не е точно дека за време на летниот период е потешко да се настине. Иако се предизвикани од истите вируси кои напаѓаат и во зима, во текот на летната сезона главната улога ја има исхраната. Затоа, искористете го сезонското овошје и зеленчук кои изобилуваат со многу витамини, движете се повеќе и поминувајте повеќе време во природа.

извор:точка.ком.мк