Живот и Стил

Кефир – неверојатен природен лек

Кефир – неверојатен природен лек

Кефир, е пробиотски млечен производ, што од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ и кој има неверојатни здравствени бенефити. Според преданијата зрнцата и упатствата за негова подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповед за чување на тајната. Се смета како еликсир на младоста, животот и долговечноста.

 Лековити својства на кефирот

Тој вкусен и освежителен киселкаст напиток се подготвува од таканаречените печурки на кефир, иако се работи всушност за симбиоза на корисни бактерии и габички. Искуството покажало дека кефирот поволно влијае на здравјето, лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби.

Кефирот не дебелее. Во 100 грама со масленост од 3,5 грама има 63 калории (што е исто како и кај јогуртот), а има и силно својство на регулирање на дигестивниот систем. Го користат луѓето кои имаат тегоби во дигестивниот систем, но и оние кои имаат проблеми со коските, затоа што бактериите кои ги има кефирот, помагаат во нивното зајакнување.

Редовното конзумирање на кефир:

  • го јакне имунитетот
  • го чисти организмот од токсини
  • помага во воспоставување на нормален крвен притисок
  • го намалува нивото на холестерол
  • помага при болести на желудник.
  • ја обновува флората и ги ублажува цревните болести
  • помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчка
  • лекува воспалителни процеси ( природен антибиотик )
  • помага при слабокрвност и слаба циркулација
  • лекува респираторни заболувања
  • помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем
  • делува против габички и бактерии- го успорува ширењето на канцерогените клетки
  • помага кај астма и алергии