Живот и Стил

Како телото нè предупредува на ментален умор?

Како телото нè предупредува на ментален умор?

Повредите на телото лесно може да ги забележиме, но сосема е поинаку со душевната состојба. Раните на душата често ги криеме поради стравот од светот и можноста останатите да ги искористат против нас, како слабости.

Но, така правиме уште подлабоки рани кои во еден момент ќе испливаат на површината и тешко ќе го контролираме нивното негативно влијание на нашето физичко и ментално здравје.

Овие пет знаци покажуваат дека не е нашето тело уморно, туку психата.

1. Постојана загриженост

Дали некогаш ви се случило да се разбудите наутро и да чувствувате страв без причина? Дури и кога генерално сè е во ред, вам ви е тешко да станете од кревет и да бидете оптимисти. Во тие моменти мислите дека не можете да се носите со животот, но сепак продолжувате со секојдневните активности. Постојано се чувствувате збунето.

Во главата мислите ви се менуваат со брзина на светлината и воопшто не се позитивни. Резултатите на многу животни полиња стануваат полоши, а уморот станува посилен.

2. Нејасни здравствени проблеми

Дали често имате нејасни здравствени проблеми за кои е тешко да се постави дијагноза? Тоа може да биде знак на ментален или психички умор кој се манифестира на физичко ниво. На пример, напнатост, чести главоболки, нервен слом, болка во половината, мигрена и слично.

Ако тие проблеми се зголемуваат под влијание на стрес, тогаш најверојатно се поврзани со вашата психичка состојба.

3. Опсесивни чувства кон минатото

Размислувањето за минатото од време на време е нормално. Но, ако често се наоѓате заглавени во минатото, особено ако размислувате за направените грешки, тоа е знак дека ви е нарушена емоционалната состојба.

4. Промени во расположение

Освен што имате промени во расположението, постојано ве следи чувство дека немате контрола врз животот. Тоа може да доведе до раздразливост, незадоволство и до непредвидливост на вашите постапки. Понекогаш не може да објасните зошто така се чувствувате. Ова е многу сериозен проблеми кој може да доведе до различни облици на анксиозност.

5. Без оглед колку спиете не се чувствувате одморно

Постои сигурен лек за физичкиот умор – одморот. Но, кога станува збор за менталниот умор, ниту сонот не може да помогне. Да бидат работите полоши, овој умор може да ја одземе способноста за релаксирање и да доведе до несоница. Се манифестира така што лежите во кревет, не можете да заспиете и не можете да ги отстраните негативните мисли.

За да се изборите со симптомите на ментален умор треба да го смените стилот на живеење. Пред сè, треба да ја вратите емоционалната рамнотежа, да го неутрализирате изворот на стресот. Почнете да спортувате, да шетате на воздух, сменете го начинот на исхрана, дружете се со позитивни луѓе.

Сетете се на вашите цели и соништа во животот и стремете се кон нив.

извор:кајгана.ком