Живот и Стил

Како правилно да нанесте парфем кој ќе ви трае подолго?

Како правилно да нанесте парфем кој ќе ви трае подолго?

Колку пати ви се случило да ставите парфем и веќе после еден час  да не го чувствувате?! Мислевте дека можеби се работи за погрешен избор на парфем? Можеби, но претходно пред да го “обвините” вашиот нов парфем размислите дали го нанесувате на вистинскиот начин. Следните совети ќе ви помогнат да ја подобрите постојаноста на вашиот парфем и при тоа да мирисате прекрасно во текот на целиот ден.

-Доколку сакате вашиот парфем да трае подолго, не го чувајте во купатило или во други влажни и толпи простории.

-За подолго трајност на парфемот потребно е пред да го нанесете на истото место да ставите малку вазелин.

-Може да нанесете лосион, но без мирис при нанесување на парфемот,(мрсната кожа подолго го задржува мирисот). Затоа ако имате сува кожа , најпрвин нанесете крема или лосион па потоа парфем.

-Парфемот се нанесува веднаш после туширањето.

-Откако ќе го нанесете на внатрешните страни на зглобовите,немојте во никој случај да го трљате(ако го направите тоа “горните ноти” на парфемот набрзо ќе исчезнат, а со тоа и самиот парфем нема да ви треа долго време.

-Нанесувајте го парфемот на точките на пулсот, внатрешната страна на зглобовите и лактите и вратот. Така вашиот парфем ке трае долго.

-Доколку парфемот е  на база на алкохол, а сакаме да го нанесеме и на нашата коса, најдобро е тоа да испрскаме четката па потоа да ја исчешламе нашата  коса.

-При испробување на нов парфем, најдобро е да почекате убаво да се исуши, за да може да ја почувствувате вистинската негова нота.