Живот и Стил

Како да носите и кармин и маска?

Како да носите и кармин и маска?

Жените кои не можат да си го замислат излегувањето од дома без кармин, се соочија со проблем за време на пандемијата при носењето маски.

Она што најмногу предизвикува нервоза е што ако ставите кармин, автоматски значи дека маската ќе ја извалкате, тој ќе се размачка и по маската, а може и на лицето, па голема е веројатноста кога ќе ја симнете заштитната маска да не сте во баш најдобро издание.

Поради тоа, голем број жени одлучуваат и да се збогуваат со карминот во ова време кога маската е задолжителна.

 

Сепак, визажистите велат дека кармин и маска сепак можат да се носат заедно, па за таа цел откриваат неколку совети:

– Усните одржувајте ги хидрирани, но не и лепливи, па вишокот балсам секогаш бришете го.

– Со молив за усни направете основа. Исполнете ја целата површина на усните со него.

– Нанесете кармин, во овој случај најдобро ќе биде да мат, но можете да пробате и некои со мазен и сјаен финиш. Во тој случај направете уште неколку трикови.

– По нанесувањето на карминот, на хартија отстранете го вишокот, а потоа карминот фиксирајте го со пудра во прав (translucent setting powder). Тој создава бариера која спречува пигментите и маслата да остават трагови на маската и ќе дадат мат финиш дури и на најсјајниот кармин. Ако е потребно, последниот чекор повторете го уште еднаш.

И секако, не заборавајте да ставите маска.

извор: точка.ком.мк