Живот и Стил

Како да комбинирате плетен фустан оваа зима?

Како да комбинирате плетен фустан оваа зима?

Зимските комбинации се незамисливи без квалитетен плетен фустан, а оваа зима ќе се носат и во удобни комбинации со патики.

Плетените фустани се еластични, пријатни, топли и удобни и може да ги носите без разлика на вашиот облик на тело, треба само да одберете дали сакате мини, миди или макси.

Најчест избор се плетените фустани со средна должина, во pencil модел, што се носат благо припени до телото, а популарен избор на нијанси се сива и капучино.

Миди фустаните можете да ги носите со високи чизми, со „челзи“ чизмички до глужд или со патики, зависно од вашето расположение и прилика. Мини моделите најдобро изгледаат со високи чизми над колена, а оние најдолгите со чизми на високи потпетици за да дојде до израз нивната силуета.

извор: Кајгана