Живот и Стил

Како да ги ублажете грчевите кај вашето бебето?

Како да ги ублажете грчевите кај вашето бебето?

Со помош на нашите совети, ќе ја спречите или ублажете  појавата на болни грчеви кај вашето бебе.

Завиткајте го бебето во пелена

Кога бебето е нервозно плаче поради грчевите што го мачат, тоа реагира на сите стимулации, на нешто помалку, на нешто повеќе иритирачко … Вашето бебе може да се смири ако го завиткате во пелена, бидејќи на овој начин ќе ги  спречите нервозните движења на рацете и нозете. Прошетајте го завиткано низ собата, полека нишајте го и зборувајте му или тивко пејте му додека не се смири.

Крлајте го бебето

Бебето најчесто позитивно реагира на движењето и нишањето. Веројатно убаво му е кога ги слуша откуцаите на вашето срце, додека го носите во кенгурот. Исто така и  релаксатор со музика прилагодени за најмлада возраст можат да бидат од корист. Удобен и безбеден релаксатор со (сигурносен ремен), сигурно ќе му помогне да се смири и опушти.

Ставете го бебето близу до постојан звук

Додека бебто е во стомакот на мајкат го слуша звукот на течноста која се движи околу него. Затоа бебето кога ќе се вознемири, сака да слуша постојан звук или шум кој ги потсетува на безбедноста додека биле во стомакот на мајката.

Постојат голем број на производи кои можат да го имитираат овој звук, а родителите обично советуваат дека се корисни апарати за дома, кои испуштаат постојан звук и вибрации, како машина за миење садови или машини за сушење, правосмукалка … Можете исто така да пуштите CD со звук на брановите на океанот или некои други смирувачки звуци.

Обрнете внимание на хранењето на бебето

Ако го доите во исправена положба, тоа ќе го олесни варењето и помалку ќе голта воздух за време на хранењето. Постои дури и мислење дека во Мексико има традиција за хранење бебиња во исправена позиција, малите ретко страдаат од грчеви за разлиаод оние што се родени во земји каде што најчесто се користат да се хранат во хоризонтална положба. Исто така, ако не го доите вашето бебе и сте принудени да го храните со шише, секогаш користете мал кој треба да се наполни на врвот, бидејќи има помалку воздух од полупразни шишиња.

Масирајте го или чешкајте го бебето

Нежна масажа или чешкање на грбот може да го смири вашето бебе со грчеви. Бидејќи грчевите обично се појавуваат доцна попладне или вечер (многу често во исто време), обидете се да ги спречите со масажа. Покрај тоа, многу е важно бебето да чувствува дека сте смирени, бидејќи може многу добро да ја почувствуваш нервозата и напнатоста.

Имајте на ум како да се храните 

Во некои случаеви, причината за грчеви кај вашето бебето може да биде и храна која вие ја консумирате, што предизвикува грчеви во бебето. Додека го доите бебто, бидете сигурни дека ќе ја извадите од вашата дневна исхрана, брокула, зелка, карфиол, грав, грашок и зачинета храна.