Живот и Стил

Јадете колку сакате: Диетален помфрит по кој полуде интернетот

Јадете колку сакате: Диетален помфрит по кој полуде интернетот

Веруваме дека не постои човек кој не сака помфрит! Сите едноставно го обожуваат иако знаеме дека дебелее и е “смрт” за сите диети.

Меѓутоа, овој помфрит од тиквички стана вистински хит на интернет. Се прави лесно и брзо, не дебелее, а оние кои го пробале велат дека го задоволува вкусот и на најголемите љубители на традиционалниот помфрит.

Потребни состојки:

– 30 гр. брашно

– 1 лажичка пченкарно брашно

– 1 лажичка сол

– половина лажичка оригано

– прстофат мелен црн бибер

– 3 белки

– 80 гр. пармезан

– 100 гр. презла

– 500 гр. тиквички

Начин на припрема:

1. Прекријте ја тавата за печење со хартија и загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени.

2. Исечкајте ги тиквичките на тенки парчиња.

3. Во еден сад помешајте го брашното, пченкарното брашно, солта, црниот бибер и ориганото, во друг сад ставете ги белките, а во трет – пармезанот и презлата.

4. Исечканите тиквички извалкајте ги најпрвин во брашното, потоа во белките, а на крај во мешавината од пармезан и презла.

5. Ставете ги во тавата за печење и оставете ги да отстојат на собна температура околу 15 минути.

6. Печете околу 20 минути и свртете ги еднаш во текот на печењето.