Живот и Стил

Инфектолог за заштитните маски: „Се носат најмногу 3 часа!“

Инфектолог за заштитните маски: „Се носат најмногу 3 часа!“

Професор д-р Андреј Трампуж е еден од најпознатите европски инфектолози.

Потекнува од Словенија, а веќе долго работи во Берлин, во болницата „Charite“.

„Заштитната маска може да се носи најмногу три часа. После тоа време таа станува влажна, а кога е влажна, со самото тоа е и заразна и неефикасна за заштита“, објаснува д-р Трампуж.

Д-р Предраг Кон, епидемиолог и член на експертскиот тим во борба против коронавирусот, објаснил и кога всушност треба да се користат маските.

„Маските треба да ги носат сите оние кои имаат било какви респираторни проблеми, без оглед дали тие се поврзани со коронавирусот или некое друго заболување. Здравите лица, без симптоми на инфекција, не треба да се носат на отворено ‘туку-така’. Се препорачува само кога влегувате во затворени простории, како возила и здравствени установи“, вели доктор Кон.

извор:точка.ком.мк