Живот и Стил

Идеална диета за детокс и елиминирање на вишокот килограми без гладување

Идеална диета за детокс и елиминирање на вишокот килограми без гладување

намирници. Губењето килограми е полесно, а за тоа ви се потребни само седум дена. Состојките кои се користат за оваа диета се освежувачки и идеални за оваа топлина – како што е краставицата.

Погледнете го овој план за исхрана во кој главната состојка е краставицата. Таа не само што ќе ви помогне во губењето килограми, туку ќе го поправи и варењето, ќе ги исчисти цревата, ќе направи детокс на организмот, ќе го забрза метаболизмот, ќе ја исчиси кожата и ќе ја заштити од акни. Краставицата е богата со калиум, витамин Б, К и Ц, бакар и манган. Има се што му е потребно на нашиот организам.

Доручек

Измешајте една шолја исечкана краставица со една шолја нискомасен грчки јогурт. Во овој доручек може да додадете јаболка или праски.

Ручек

– Направете салата од краставица и домат и изедете ја со парче леб со цели зрна житарици.

– За да го забрзате метаболизмот, пробајте го следниот рецепт:
1 краставица, 1 шолја овошје, 2 компири, 1 парче леб со цели зрна житарици.

Сварете го или исечете го компирот и малку зачинете го со сол и бибер. Изедете го со салатата од краставица и лебот. Како ужина изедете овошна салата и напијте се шолја чај.

– 1, краставица, 1/2 шолја туна, 2 јајца, 2 компири, 3 парчиња леб со цели зрна житарици.

Сварете го или исечете го компирот и малку зачинете го со сол и бибеер. Сварете ги јајцата. Над компирот ставете ги јајцата, туната и парчиња краставица.

Шејк од краставица за ужина

Доколку чувствувате глад помеѓу оброкот тогаш направете го овој вкусен шејк. По овој шејк сигурно нема да чувствувате вина што сте го испиле, а може да го консумирате во неограничена количина.

Потребни ви се:

– 1 краставица;
– 1 јаболко;
– полна рака спанаќ;
– 1 лажица ѓумбир;
– 1 лажица ореви или бадеми.

Сомелете ги краставиците, спанаќот и јаболката, со соино или бадемово млеко. Можеби ќе ви биде потребно да додадете уште 1/4 шолја течност. Додајте ситно исечкан ѓумир и сето тоа измешајте го убаво.

Вечера

Земете го вашето омилено овошје и уживајте во овошната салата. Немојте да изедете повеќе од една и пол шолја овошје.

Овој план на исхрана е речиси ригорозен, но апсолутно ефикасен. Го забрзува метаболизмот, а телото ќе почне да ги согорува маснотиите.

За да ги видите максималните резултати, секојдневно треба да вежбате 20-30 минути.

Извор: точка.мк