Живот и Стил

Го зајакнува имунитетот подобро од витамин Ц: Овој чај проверено ги уништува вирусите и ги чисти дишните патишта

Го зајакнува имунитетот подобро од витамин Ц: Овој чај проверено ги уништува вирусите и ги чисти дишните патишта

Чајот од жалфија се користи за зајакнување на организмот и во борбата против многу здравствени тегоби. Овој напиток со децении се користи во народната медицина и е еден од најмоќните за зачувување на здравјето на комплетниот организам.

Листовите од оваа билка содржат разни минерали како магнезиум, калциум и железо, витамини А, Ц и Б како и есенцијални масла, танини и флавони.

За жалфијата често велат дека е лек за целото тело. Таа може да се користи за орална и за надворешна употреба – од неа се прават облоги, но може да се консумира и како чај или во облик на масло.

Исто така, ова растение е богато со антиоксиданси кои му помагаат на телото во борбата против токсините. Со самото тоа, благотворно делува врз спречување на развој на карцином во организмот и ја подобрува работата на мозокот и помнењето.

Жалфијата го стимулира централниот нервен систем и дигестивниот тракт. Таа е одлична во намалување на телесната температура, а освен тоа е природен прочистувач на крвта. Чајот од жалфија максимално го зајакнува имунитетот, па затоа се препорачува во периодите на активни вируси.

Оваа моќна билка има многу благотворни својства помеѓу кои се зголемување на концентрацијата и помнењето, намалување на воспаленијата на грлото и дишните патишта, воспаленија на различни внатрешни органи, инфекции на гениталните органи, габични инфекции на слузокожата и кожата, главоболка, напнатост…

Жалфијата се покажала и како многу ефикасна кај симптомите на менопауза и нарушувања во менструалниот циклус, како и во чистење на црниот дроб од токсини.

Жалфијата надворешно се применува за запирање на крварење и дезинфекција на рани и чиреви. Бидејќи има спазмолитичко дејство, се користи и за инхалација кај астма, бронхитис, но и кај инфекции на дишните патишта.

извор: точка.мк