Живот и Стил

Ги учи жените како да привлечат богати мажи со својот начин на облекување (фото)

Ги учи жените како да привлечат богати мажи со својот начин на облекување (фото)

Шведската блогерка Ана Беј стана позната благодарение на видеата на „YouTube“ во кои им дава совети на сите жени кои сакаат да станат дел од високото општество.Овој пат, инфлуенсерката, познат апод прекарот „Jet set baby“, објави видео на својот канал во кое издвои седум модни совети со кои сите дами можат да бидат елегантни и да го освојат вниманието на мажите. Ана истакна дека е клучно да се придржувате до елеганцијата, и да ја обновите вашата гардероба со одредени класични парчиња облека, како што лелеав фустан и едноставно палто, а две аксесоари се строго забранети.

Подолу ви ги откриваме сите 7 модни совети:

Летно палто

Ана вели дека нејзиното најважно парче облека е светло палто што може да се носи преку маица или фустан за време на летните ноќи.

– “Причината за тоа е затоа што некои вечери се ладни и треба да имаме парче што ќе може да нè загрее, а во исто време да го направиме да изгледа елегантно и софистицирано.”- објасни таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Bey – School of Affluence (@schoolofaffluence) on

Бел фустан

Друг важен дел од гардеробата е белиот фустан.

– “Романтичните бели фустани се совршени зана лето, затоа што тие често се многу лесни, удобни и женствени, а во исто време се чувствувате префинето во него. Може да го носите и во текот на денот и ноќта” – вели Ана во своето видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Bey – School of Affluence (@schoolofaffluence) on

Платформи наместо потпетици

– Елегантните дами не носат потпетици во текот на денот.Можете да ги носите ноќе ако одат со вашата облека, но тие се дефинитивно нешто што треба да се избегнува во текот на денот – истакнува блогерката, и советува дека наместо штикли треба да се определите за платформи.

Бела ленена кошула за на плажа

-“Купете ленена кошула. Ленот е еден од оние ткаенини што никогаш не изгледа ефтино, затоа што е природен материјал. Покрај тоа, ленот ќе ве освежи, што ќе ви биде особено пријатно во текот на летните месеци. Да, точно е дека се гужва, но мислам дека тоа е шармот на ленената кошула.” – вели Беј.

Впечатлива торба за плажа

Ана ве советува да изберете плетени торби, бидејќи тие се многу функционални.

– “Ќе ги обожавате големите плетени торби, бидејќи можете да ги ставите сите свои работи во нив и тие лесно се вклопуваат во скоро сите модни стилови.Набавете повеќе парчиња, за да можете да ги менувате.” – советува Ана.

Едноделен костим за капење

– “Дефинитивно мислам дека сите елегантни дами треба да имаат барем едно парче костим за капење.” – вели Ана.

Бели шорцеви

Ана ве советува да купите неколку бели шорцеви и да ги менувате постојано.

– “Инвестирајте пари за да купите квалитетни шорцеви, кои имаат добар крој, да се направени од квалитетен материјал и да ги потенцираат вашите облини.” – тврди блогерката.

извор:попара.мк