Живот и Стил

(ФОТО) Тие се најмладите милијардерки на светот, а вака изгледа нивниот живот

(ФОТО) Тие се најмладите милијардерки на светот, а вака изгледа нивниот живот

Александра која има 21 година и Катарина (22) години официјално се прогласени за најмладите милијардерки на светот, а нивното богатство се проценува на 1,47 милијарди долари.

И покрај тоа што располагаат со огромно богатство или тоа дека потекнуваат од угледно норвешко семејство, тие не се типични богати деца. Александра и Катарина се школуваат, извршуваат пракса, поминуваат време со пријателите, а и двете имаат забавно хоби.

A post shared by Alexandra (@alexandraandresen) on

Иако тие се една година разлика, сестрите Андресен не се премногу блиски. Очигледно слободното време повеќе го поминуваат со пријателите отколку тие две заедно, а судејќи по фотографиите и нивните интереси се различни.

Александра е обожавателка на природата, особено обожава да јава коњ. Моментално нема бизнис цели, но работи во компанијата Ферд.

Додека Александра и Катарина имаат вртоглаво богатство, благодарејќи на компанијата на нивниот татко, тој инсистрира дека тие две не мора да му помагаат на компанијата во иднина.

The Ferd owners💪🏻 Photo by: Frédéric Boudin

A post shared by Alexandra (@alexandraandresen) on


“Факт е дека моето семејство ми овозможи да имам различни избори во животот, особено да јавам коњ, бидејќи тоа е многу скапо. Но, не се доволни парите за да успееш”, истакнала Александра во едно интервју.

Катарина е вљубеник во модата, па нејзиниот Инстаграм профил е полн со дизајнерска гардероба и скапи чанти. Таа исто така има свое хоби, кое го наследила од својот татко, односно стрелаштво.

извор:точка.мк