Живот и Стил

Еве решение за проблемот кој ги мачи многумина: Како да носите маска, да не ви се замаглат очилата?

Еве решение за проблемот кој ги мачи многумина: Како да носите маска, да не ви се замаглат очилата?

Ако носите очила, тогаш сигурно сте забележале дека тие многу брзо се замаглуваат ако преку уста и нос ставите заштитна маска – полициската управа на Токио објави неколку совети како да го решите проблемот.

Има два начини со кои можете да го избегнете тоа. Едниот од нив е едноставно да ја преклопите горната четвртина од маската пред носење, а другиот начин, доколку не сакате да „жртвувате“ дел од маската, е да ставите марамче на врвот на маската, преку „мостот“ на носот.


Полицијата од Токио ги објави овие совети кон крајот на декември во рамките на програмата за превенција на алергиите и настинките. Се е објаснето на видеото подолу, во првите 26 секунди.

Инаку, во Азија многумина носат заштитни маски преку лицето во текот на целата година. Тие не ги носат само сега во екот на пандемијата на коронавирусот, туку ги користат и како заштита од сезонските грипови, алергиите и загадениот воздух.

извор:точка.ком.мк