Живот и Стил

Еве која боја на коса ќе биде најмодерна за 2020 година

Еве која боја на коса ќе биде најмодерна за 2020 година

Експертите тврдат дека една од најактуелните бои на коса следната година ќе биде една необична нијанса, идеална за сите дами кои отсекогаш сакале да прејдат во таборот на русокосите, но сепак да не направат драстична промена.

Станува збор за нијанса наречена “mushroom blonde” односно руса боја со пепелави прамени која изгледа неспоредливо поинаку во однос на вообичаените руси ронови.

Ова е топла, отмена и шик нијанса која може да биде посветла или потемна во зависност од тоа што сакате, но во секој случај е совршен микс помеѓу костенливите и русите тонови.

“Mushroom blonde” го нуди најдоброто од двете бои, а вештиот фризер ќе знае точно да ја прилагоди онаа нијанса која одговара на вашиот тен.

Колку е актуелна таа, докажува и фактот што е целосен хит на популарните интернет платформи. На Пинтерест, пребарувањата за оваа нијанса пораснале за дури 308 отсто.

“Ми се допаѓа идејата да користам печурки за да опишам некоја боја за коса. Комбинацијата од овие тонови ќе ви даде прекрасен модерен изглед”, објаснил еден од најпопуларните фризери на славните дами, Џоел Варен.

фото:инстаграм

извор:кармин/точка